Во минатото постоела вода на Марс

0
400

na-mars-postoela-voda

Научниците имаат конечен доказ дека на Марс некогаш постоела вода. Долго се веруваше дека водата на Марс ги направила долините, притоките и делтите кои што се видливи од орбитата, но возилото на НАСА , Кјуриозити го најде конечниот доказ. Научниците соопштија дека откриле заоблени камења на дното на 150 километри широкиот кратер Гејл. Мазните камења се индентитични со оние кои што се наоѓаат во долините на реките на Земјата.

“Со децении шпекулиравме и претпоставуваме дека на површината на Марс во минатото извирала вода, но ова е прв пат да пронајдеме докази за постоење на течна вода” – изјави за BBC Ребека Вилијамс од институтот за планетарна наука во САД.

НАСА за прв пат во јавноста даде изјава за постоењето на чакал на Марс, во Септември минатата година, но сега научниците напишаа и извештај кој што е објавен во магазинот Сајенс. Извештајот е во врска со стручната работа на роверот Кјуриозити на Марс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here