Враќање од смртта – случајот на семејството Шелфер

0
461

vrakanje-od-smrtta

Стивен и Марија имале осумгодишна керќа Сара и живееле среќен и богат живот во Денвер (Колорадо) се додека, изненадно, едно попладне семејството Шефлер доживеало тешка несреќа…

Госпоѓа Шелфер седела во дневната соба и ја следела на телевизија својата омилена емисија, а Сара се сончала во дворот покрај големиот, зелен базен. Од соседниот двор се слушал звук на моторна косилка со која што нивниот сосед Дон ја косел тревата. Ги делела убава украсена дрвена ограда преку која што Дон и малата Сара за нешто гласно се довикувале. Откако девојчето не му одговорило на последното прашање, Дон се качил преку оградата за да ја види, но таа веќе не седела на платнениот стол покрај базенот. Тој помислил дека девојчето влегло во куќата и продолжил да ја коси тревата.

Меѓутоа, кога по трет пат се качил и погледнал преку оградата, го приметил неподвижното тело на девојчето како со лицето надоле плута во базенот.Тој веднаш ја прескокнал оградата и скокнал во базенот. Госпоѓа Шефлер која што тоа го видела низ големиот, стаклен прозорец од дневната соба, веднаш скокнала од фотељата. Без здив истрчала веднаш во дворот, каде што Дон клечел пред нерсреќното девојче, обидувајќи се да ја врати со вештачко дишење.

Посматрајќи ги неговите напори госпоѓа Шефлер парализирано столеа, додека соседот се обидувал да повика Брза помош, но на Сара веќе никој не можел да и помогне. Во текот на аутопсијата, е откриено дека детето патело од сериозна срцева маана. Најверојатно поради ладната вода тој ден таа имала инфракт. Било познато дека таа се удавила веднаш после ненадејното губење свест. Изненадната смрт на Сара за нејзините родители бил вистински пекол на душата. На нејзиниот татко Стивен Шелфер му биле потребни неколку месеци за да се справи со големиот шок, а неговата жена госпоѓа Шелфер западнала во длабока депресија од која што не можела да излезе на крај две години. Едноставно, во нивниот живот немало веќе место за среќа и радост. Но наеднаш се случило нешто чудно. Нивната мала Сара се вратила во живот !

Таа година есента била многу пријатна и блага. Повеќе личела на продолжено лето. Во школскиот двор на католичкиот интернат Сент Џозеф бил во тек час по физичко воспитување. Момчињата и девојчињата вежбале салто во кое што им помагале двајца бивши гимнастичари. Меѓутоа, на десетгодишната Алис Перкинс многу и се брзало, и  со својот скок ги исплашила наставниците. Таа паднала толку незгодно што веднаш после скокот останала да лежи без свест. Дежурниот лекар во интернатот Сент Џозеф, одлучил да го префрли девојчето во болницата, каде што пред две години биле преместена Сара Шелфер. Била сместена во посебна детска соба но кога лекарите пристигнале – Алис Перкинс не била веќе таму !?

Во попладневните часеви госпоѓа Шелфер, по својот стар обичај, седела неподвижно и гледала со своите тажни очи во дворот, преку големиот прозорец каде што се наоѓал зелениот базен.  Се уште себеси не можела да си прости за она што се случило тој кобен ден, бидејќи гледала тв емисија. Ја мачело мисла дека можела да ја спаси својата керќа Сара. Веднаш се слушнало звонење на влезната врата – еднаш долго и три пати кратко. Госпоѓа Шелфер помислила: “Боже, само Сара звони баш така” ! Исплашено скокнала и побрзала кон влезната врата. Низ обоеното стакло се гледала фигура на девојче. Додека и се качувал крвниот притисок со абнормална брзина , таа ја отворила вратата и го пуштила да влезе девојчето кое што личело на нејзината покојна Сара.

–  Здраво, мамо – рекла непознатата мала гостинка , и по стариот обичај како нејзината керќа Сара , таа се поткренала на прсти и ја бакнала во десниот образ.

Госпоѓа Шелфер не можела да каже ништо. Таа стоела парализирана, а кога девојчето продолжило кон правец на скалите, таа полека ја затворила вратата и како хипнотизирана тргнала кон неа. Без сомнение, девојчето го познавало распоредот на собата и работите во неа. Таа го отоворила плакарот на Сара, а потоа и нејзината гардероба во која ги чувала нејзините книги и училишната чанта.Потоа повторно се вратила во собата и го отворила другиот плакар каде што биле сместени Сарините играчки.  Го погалила големиот кловн со црвен нос и си пограла со останатите играчки. Потоа сите играчки ги вратила на свое место и седнала на уредно наместениот кревет, држејќи ја раката собрана во нејзниот скут, како што секогаш седела малата Сара.
–  Која си ти, злато? – и пришла збунето Марија Шефлер кога се освестила од шокот.
–  Мамо, па јас сум твојата Сара !..  Зар ме заборави ?!…
–  O, боже, секако дека не те заборавив – плачела несреќната жена. – Сите овие години се молев на Господ да се вратиш… Многу ми недостигаш, мила.
–  Не биди тажна, мамо. – девојчето нежно ја помилувала по лицето влажно од солзи. – Поради тебе се вратив. Да ти кажам да не тагуваш повеќе. Знаеш, ли дека јас не умрев. Само преминав во друг свет !…
Овие чудни зборови како да ја смириле госпоѓа Шефлер, па и самата започнала да го брише нејзиното лице со солзи. Изненадно тогаш девојчето, се фатило за своето чело и уморно ги затворило своите плави очи.
–  Морам сега да се вратам… – зборувала тивко. – Мамо, морам сега да одам…

Госпоѓа Шелфер полека со мајчинска нежност ги подигнала малите нозе на детото на креветот. Потоа како маѓепсана, ни самата не знаела зошто, го вклучила телевизискиот приемник, кој што не го пуштила веќе две години.  Во еден момент на вестите и го привлекло вниманието фотографијата на девојчето кое што лежело во нејзината соба. Презентерот на вестите рекол дека исчезнало девојче со име Алис Перкинс. Госпоѓа Шелфер го земала телефонот и го свртела бројот. Кога добила врска таа мирно кажала:
–  Ве известувам дека девојчето кое што го барате се наоѓа во мојата куќа…

За неполни десетина минути пристигнала полицијата, а пред вратата ги пречекала госпоѓа Шелфлер.
Ги однела во собата на Сара. Поради изненадување им требало неколку моменти да се вратат самите себе си, бидејќи таму навистина ја пронашле Алис Перкинс, која тој ден таинствено исчезнала од болничката соба. Тие ја вратиле во градската болница. Пробале со медикаменти да ја вратат при свест, но тоа не дало никакви резултати. По десетина дена девојчето преминало: Заминало во некој друг свет… Во некоја друга димензија …

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here