Десет нерешени светски мистерии

0
908

vojnicev-rakopis

Во светот постојат многубројни мистерии за кое што човештвото како и големите умови немаат одговор. Колку и да звучи денеска чудно, и покрај напредната технологија некои работи и до ден денес не се разјаснети. Mystodonia.com ви ги преставува 10 – те мистерии кои никогаш не се решени:

1. Kryptos

kriptos
Kryptos

Кодирана скулптура на уметникот Џим Санборн, која што се нарекува Kryptos и се наоѓа на влезот во ЦИА во Вирџинија. Иронијата е уште поголема што и самата ЦИА се уште во потполност не успеала да го разбие кодот на скулптурата на Џим. Кодираната скулптура содржи четири натписи од кои до сега само три се дешифрирани, а четвртиот останува мистерија за сите.

2. Beale ciphers

Beale ciphers
Beale ciphers

Најверојатно содржи откритие каде што е запишано местото каде што е закопано злато, сребро и накит во вредност од 63 милиони долари.

3. „Војничев ракопис

vojnicev-rakopis
Војничев ракопис

Вилфред Војнич, кој што бил од полско – американско потекло, а по професија библиотекар, пронашол мистериозна книга во далечната 1912 година. Според неговото име, книгата го добила и името „Војничев ракопис”. Книгата содржи мистериозни илустрации кои исто така се дело на непознат автор. Вкупно 272 страници од оваа книга се енигма за историчарите и криптографите од целиот свет, а теориите на многумина велат дека тоа е почеток на модерна медицина, учебник на алхемичар, а според некој дури и дело на вонземјани.

4. Дискот  Phaistos

Phaistos_disk
Дискот Phaistos

Хиероглифски запис од Крит кој што е пронајден во 1908 година од страна на Луиџи Перниер. Овој диск се состои од печена глина во која што се вметнати таинствени симболи кои што се сметаат за најнепознати облици на хиероглифи.  Се верува дека овој мистериозен диск е изработен пред околу 2000 години пред Христос.

5. “Shugborough inscription”

shugborough-inscription
Shugborough inscription

Ако го погледнеме одалеку изгледа како споменик со славната слика на овчарот од Nicolas Poussin но ако се приближиме ќе приметиме распоред на букви.  Буквите се обиделе да ги дешифрираат некои од најголемите умови, Чарлс Дикинс и Чарлс Дарвин.

6. „Tamam Shud”

tamam-shud
Tamam Shud

Ова е нерешен мистериозен случај од  1948 година. Истата година на плажата Аделаида во Австралија е пронајден непознат мртов маж. Освен тоа што телото не можело да биде никако индетификувано од страна на полицијата, целата приказна е уште почудна бидејќи во пантоломите на убиениот е пронајдена хартија на која што пишувало чудно име „Tamam Shud”.

7. Сигналот „Wow”

wow
Сигналот WOW

Волонтерот Ехман во 1977 година скенирал радио сигнали од вселената надевајќи се дека ќе пронајде било каков сигнал на вонземјански суштества од друга планета. Таа ноќ пред смртта на Елвис Присли помеѓу многуте бројки се појавила и шифрата 6EQUJ5  која што Ехман веднаш ја заокружил и на крај запишал Wow !  Повторното пребарување на сигнали и чудни бројќи никогаш повеќе не успеало. Wow сигналот и ден денеска е една од светските митерии кои што не е решена.

8. Zodiak букви

zodiak
Zodiak Букви

Низа од четири шифрирани пораки за кои што се верува дека ги напишал познат сериски убиец од 60 – тите и 70 – тите години, кој што сеел страв на жителите во градот Сан Франциско. Познатиот Zodiak убиец никогаш не е откриен како ни три од неговите четири пораки не се никогаш дешифрирани.

9. „Georgia Guidetones”

Georgia_guidestones
Georgia Guidetones

Некој го викаат и американски Стоунхенџ. Во камењата се запишани осум светски јазици и астрономски значења. Иако никој од нив не содржи шифрирана порака, потеколото на овие камења останува тајна.

10. Rongorongo

Rongorongo
Rongorongo

Преставува систем на таинствени знакови „glyphs” кои што се откриени на Велингденските острови. Се претпоставува дека тоа е исчезнат систем на пишување. За жал, знаците се нечитливи како и нивната вистинска порака.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here