За Mystodonia

Добредојдовте во мистичното царство!

“Највозбудливо чувство е средбата со таинственото. Тоа е извор на секоја вистинска уметност и наука. Оној кој никогаш не го имал ова искуство; исто како и оној кој не е способен за никакво воодушевување ниту пак се запрашал, тој е исто како мртов. Неговите очи се затворени…”

Постојат работи кои  се надвор од границите на нашиот разум, работи кои се несфатливи за нас, работи за кои не можеме да разбереме или не смееме да ги дознаеме. Човечката психа е како неистражена длабочина во океанот.

Дали воопшто знаеме што се наоѓа на нашата планета? Кои сме, што сме и од каде доаѓаме? Она што ни го сервираат научниците е полно со дупки и празнини, а да не зборуваме за оние коишто се сокриваат од погледот на целиот свет…

Дали сте подготвени да и погледнете на вистината во очи, да влезете во еден поинаков свет, во едно поинакво царство? Овде, во ова царство, човечките закони не важат, просторот нема граници, времето не постои….