Пет најголеми астролошки митови за љубовта

0
471

astroloski-mitovi-za-ljubovta

Прв мит: Компатибилност на знаковите

Секоја натална карта е всушност мапа на небото па во карактерот е вклучено се она што се врти околу Сонцето (кое што преставува основен хороскопски знак). Сите тие единствени комбинации на енергија или уништуваат нешто што сте го сметале за “совршен пар” или помагаат да ги преминете препреките со леснотија, дури и кога е во прашање врска со “некомпатибилни”  знакови.

Планети кои што влијаат на успешноста на вашата врска не се само Сонцето, Месечината и престанатите осум планети, туку и неколку илјади астероиди на линијата помеѓу Марс и Јупитер, планетоидот Кирон, како и низа други работи околу кои астролозите се уште разговараат со што уште повеќе ги комплицираат работите.

Ако навистина се двоумите за тоа што да направите, најкорисно е да направите уредна натална карта.

Втор мит: Совршени на хартија – совршени во реалноста

Речиси подеднакво важен мит е другата страна на астрологијата. Посебно ова е корисно за оние кои што се склони кон пронаоѓање на врски преку интернет. Ако не сте сигурни, тестирајте ја својата поврзаност и хармонија во живо пред да донесете некоја важна одлука, посебно ако таа е поврзана со чуствата или плановите за иднина.

Трет мит: Тајминг за се

Без разлика што велат експертите, никој не може со сигурност да предвиди како ќе ја сретнете љубовта на својот живот. Тоа едноставно не е можно. Веројатно е дека Вагите доживуваат романса во Четврток, но има премногу човечки фактори и премногу непланирани околности кои можат да влијаат на запознавање на идеален партнер.  Ако и покрај запознавањето не сте сто проценти сигурни дека тоа е тоа, подобро излезете на неколку состаноци, без обзир на она што ви кажува хороскопот.

Четврт мит: Полна Месечина

Четврт најчест мит е поврзувањето на романсата и полната месечина. Не мора да значи ако е полна месечина, дека ќе доживеете некоја посебна вечер. Периодот на полна месечина дефенитивно ги подобрува нашите емоции, но тоа не е секогаш добра работа. Сепак најдобро е да не се ориентирате по Месечината или барем додека не донесете некоја озбилна одлука врз основа на тоа.

Петти мит: Секогаш прашувајте за совет

И за крај, голема е заблудата дека астролозите се видовити на полето на љубовта.  Тоа не е точно. Некои од нив дури никогаш немале вистинско гледиште за врските. Затоа е најдобро за конечните одлуки да се потпрете на својот инстинкт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here