Светлечки топки на Кафената планина

0
302

svetla-na-kafenata-planina

Во високите западни предели на Северна Каролина се наоѓа една „просечна“ планина. Ни многу висока, ни многу ниска. Најнормална планина.

geografski-prikaz-kafena-planina
Географски приказ на планината (горен дел)

Оваа планина, како што веќе беше напишано, се наоѓа во сојузната држава Северна Каролина и е наречена Кафена Планина. Се наоѓа во подножјето на Синиот гребен и веќе подолго време го привлекува вниманието на голем број луѓе, како од САД, така и од други држави. За оваа планина дури и владата на САД покажала интерес со тоа што во два наврата ја испратила Геолошката управа, а еднаш и Метеоролошката служба да ги испитаат аномалиите на оваа планина.

Чудните настани што се случуваат таму биле наречени Светлата на Кафената планина уште во дамнешни времиња, така што тамошните жители во околината и не го паметат почетокот на овие случувања. Многу одамна мистериозните светла ги плашеле домородците, индијанските племиња Чероки и Катоба.

satelitska-snimka-na-kafenata-planina
Ова е сателитска слика на Кафената планина.Со белата линија се препознава човечка фигура (лице)

Според една легенда на Чероки индијанците, светлата се гледале уште пред 1200 години. Легендата вели дека близу до Кафената планина се водела голема битка меѓу племињата Чероки и Катоба. Според Чероките светлата преставуваат души на несреќните индијански вдовици кои си ги бараат своите мажи изгубени во битката.

indijanka-so-krvavi-solzi
Индијанка плаче крвави солзи

За разлика од Индијанците, Американските доселеници веруваат дека тоа се душите на домородците кои загинале во битката со нив. За мистериозните светла пишувал и германскиот инженер Герард Вил де Брам во 1771 година.

До денешен ден светлата преставуваат проблем за објаснување за сите историчари и научници кои се зафатиле со истражување на случајот. Но едно е сигурно, светлата постојат. Постојат и многу фотографии, видео записи и безброј сведоштва. Но нема само логично објаснување. Светлата редовно се јавуваат долж гребените на врвот на оваа планина и се толку честа и постојана појава што при ведро небо ноќе може лесно да се видат. Најдобро место за нивно набљудување е т.н. Вајсменов поглед.

Љубопитните набљудувачи, што во раните вечерни часови се паркираат покрај патот,ретко остануваат разочарани. Гледајки на југоисток, набљудувачите наеднаш забележуваат тркалезно светло со големина колку кошаркарска топка. Светлото обично е црвенкасто или на случаеви сино, лебди во воздухот меѓу дрвјата, неправилно движејки се горе-долу, понекогаш се разделува на помали светла, а потоа после отприлика 5-10 (понекогаш дури 60) секунди избледува или понекогаш оди кон небото и исчезнува. По неколку минути, повторно се јавува, но на друга локација, и така продолжуваат овие паранормални појави цела ноќ.

svetla-na-planinata
Светлата на кафената планина

Светлата добро се гледаат кога ги гледате од далечина,но со качување на планината тие исчезнуваат.Качувањето е многу опасно,теренот поради карпите и 45 степенската стрмнина е речиси непрооден,а се случувало и љубопитните да бидат застрелани од ловџии.Оние што ги поминале овие тешкотии,пред нив имало уште еден проблем.Густите дрвја предизвикувале мала видливост.Очевидци,кои тврдат дека се доближиле на десетина метри до светлата,велат дека тие биле во големина на кошаркарска топка,дека светеле со толкав интензитет што изгледале непроѕирни и лебделе одприлика еден метар над земја.Еден сведок велел дека еднаш допрел едно светло и добил електричен удар.Но и тогаш светлото не ја променило својата “маршута“ туку едноставно го продолжило својот пат.

tabla-so-kratka-istorija
Табла со кратка историја на планината

Се уште не постои логично објаснување на прашањето што навистина претставуваат тие светла, покрај многубројните напори и обиди во решавање на загаткава. Голем број на експерти од разни области се обиделе да дадат свое мислење. Геолозите веруваат дека се работи за пиезоелектрицитет, астрономите веруваат дека станува збор за оптички илузии, хемичарите тврдат дека тоа се некои природни гасови, а НЛО фановите дека станува збор за вонземско потекло на светлата. Според некои тоа се пламени од природниот гас метан што се ослободува во мочуриштата. Но ова верување е побиено веднаш од причина што во таа област едноставно не постојат мочуришта. Други претпоставувале дека е тоа светење на некоја фосфорна материја, или можеби зрачење од радиум, појави на некои чудни гасови, аномалии на карпите и.т.н.  но како поминувало времето, и тие тврдења биле отфрлени.

Дали тоа биле најобични рефлексии од автомобилски светла? НЕ,бидејки светлата се појавиле многу порано од пронаоѓањето на 6автомобилот.

Дали тоа се огнови на криумчари кои незаконско криумчареле алкохол? НЕ,бидејќи веќе одамна е напуштено дивото производство на алкохол на падините на Кафената планина.

Од сите испитувања две спроведени од Американската геолошка служба најголемо внимание ни обврнуваат.

1. Во 1913 година било заклучено дека мистериозните светла се всушност светла на локомотиви од долината јужно од Кафената планина.

2. Во 1916 година се покажало дека тврдењето е неточно. Во оваа година големи поплави ги урнале железничките мостови и железницата не функционирала повеќе седмици, а сепак светлата продолжиле да се јавуваат.

Како што е случај за многу други слични настани, и овој настан си има своја романтична приказна. Приказната се однесува на далечната 1850 година, кога една жена исчезнала во таа област. Постоело општо сомневање дека нејзиниот маж ја убил и сите жители тргнале во потрага по нејзиното мртво тело. Една ноќ, додека се одвивала потрагата, чудни светла се појавиле на Кафената планина. Тоа било нешто што никој порано не го видел и многу луѓе верувале дека се работи за духот на мртвата жена,кој се вратил по освета за својот убиец. Потрагата завршила без да биде најдена жената.

Кусо време потоа сопругот на жената исчезнал без никаква трага. Mистерија останало прашањето за неговото ненадејно исчезнување. По неколку години костурот на жената бил пронајден, но таа судбина не го нашла нејзиниот маж. Од денот на исчезнувањето, па до денешен ден, светлата на Кафената планина не престануваат. Како и прераскажувањето на оваа интересна приказна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here