Сноуден: Ако постојат вонземјани, тогаш сите комуникации им се кодирани

0
683

Едвард Сноуден човекот што ги откри американските и светските разузнавачки мрежи и програмата за надгледување на граѓаните, сега се осврна на вонземјаните и нивната комуникација. Тој зборуваше за нив во текот на гостувањето во поткастот на познатиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон.

Сноуден смета дека вонземјаните, доколку постојат, ги кријат своите комуникации и дека можеби никогаш нема да можеме да комуницираме.

Тој смета дека евентуалната вонземска интелигенција користи високо софистицирани методи на енкрипција, за да го сокрие своето постоење, слично како што тоа го прават разузнавачките агенции на Земјата.

„Кога ќе помислиме на се она што нашите сателити го регистрираат надвор од нашата планета и се она што го произведуваат луѓето, лесно е да се види дека нивните пораки се можеби шифрирани и дека повеќето шумови што ги слушаме можеби се вонземски телефони или телевизија. Ние не можеме да ги разликуваме нив од обична микробранова позадинска радијација“ – смета Сноуден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here