Фантомски острови

0
304

pacific_fantomski_ostrov

За мистериозните острови кои што се појавуваат и исчезнуваат, во минатото се раскажувале многу приказни. Се споменуваат таинствени експлозии и вулкански ерупции, злобни волшебници и фантоми, богови на морето и суштества со мистериозни летала, кои што островите ги потопувале на моркото дно.

Настанот се одиграл во Декември – Јануари 1956 година и за него пишувале сите странски весници. Џејмс и Хелен Брајан со својата луксузна јахта отпловиле во водите на Тихиот Океан. Веќе со денови ти пловеле во мирните Пацифички води кога во самракот тие забележале мал остров. Иако не бил нацртан на бродската карта, семејстовото Брајан тоа не го зачудило, бидејќи знаеле дека нивната карта е стара. Освен тоа во подрачјето каде што пловеле имало безброј мали острови.

На крајбрежјето на островот

Како што се спуштала ноќта, тие одлучиле да преноќат на овој остров. Па поради тоа и јахтата ја насочиле кон тој правец. Наскоро тие пристигнале во мал песочен залив. Заклучиле дека островот не бил населен, го фрлиле сидрото и одлучиле наредниот ден да го истражат во неговата внатрешност.

Залудно таа ноќ Џејмс Брајан се обидувал да го идентификува островот. На ниту една од морските карти, кои што ги користел, островот не бил регистриран. Прецизно ја забележал неговата положба за неговото откритие да биде забележано во National Geographic Cociety во Вашингтон .

Таа ноќ Џејмс и Хелен себеси си приредиле мала свеченост. На палубата вечерале јастрози кои што биле купени од пазар на островот Вивак, пиеле шише пенливо вино и се восхитувале на тивката јужна ноќ со живописните мали островчиња на чии песочни плажи имало мали морски бранови. Семејството Брајан таа ноќ отишло на спиење со пријатни чуства , исто како да пронашле нов дом.

Утрото прва се разбудила госпоѓа Хелен. Сонцето било  толку јако што таа отишла на палубата да ги собере крпите кои се сушеле. Таа одеднаш станала свесна дека нешто не е во ред и збунето застанала. Насекаде околу нив се простирало мирно море и никаде на хоризонтот немало никаков живописен остров со високи палми и тивки бранови кои што ги виделе претходниот ден.

Утро без остров

Хелен вриснала и во паника го рабудила Џејмс. Но се било залудно. Се што можеле да заклучат е дека нивната јахта во текот на ноќта не ја променила нејзината положба, и дека тие се уште се наоѓале на местото каде што ги фрлиле сидрата. Но од живописниот остров , немало никаква трага.

Вториот случај е уште повеќе невообичен

Во почетокот на дваесетиот век, за време на развојот на текстилната индустрија и голема потреба од памук, многумина американски фармери одлучиле да одгледуваат памук. Меѓутоа, најквалитетните видови на памук барале посебни услови со што најквалитетен плод давале на јужните острови.

Под притисок на заинтересираните фармери, американската влада се обратила на Јапонија со барање да закупи неколку нивни острови за одгледување на памук. Наскоро бил направен и договор. Јапонија отстапила три мали пацифички острови.  Меѓутоа, кога американските фармери пристигнале на зададената локација, биле изненадени бидејќи не можеле да ги пронајдат закупените острови. Никаде во близина немало никаква трага од копно.

Тогаш се појавил и меѓународен скандал, но Токио брзо реагирал. Ја испратиле својата флота да утврдат дали навистина постојат изнајмените острови или не, но јапонската флота не успеала да ги пронајде. Островите едноставно исчезнале и никој не можел да објасни што всушност се случило.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here