5 мистериозни градби од непознато потекло

0
261

misteriozni-gradbi

1. Германската опсерваторија на смртта

Некаде во 1991 година жителите во малиот град кој е познат по името Госек во Германија откриле чуден круг во полето.

После 11 години истражување е заклучено дека тоа е стара опсерваторија. Нејзините капии биле насочени кон местата на изгревање и залез на Сонцето кон Север.

Оваа опсерваторија во минатото била користена за ритуално убивање на луѓе. Сето тоа се случувало пред околу 7 000 години

2. Древниот град Нан Мадол

Островот Темвјун се наоѓа во Микронезија на сред Пацификот. Таму живее малобројно население во град кој е наречен Нан Мадол и е стар повеќе од 1000 години.

Овој град се смета за еден од злите, проклети, опседнати и непријатни градови.

Но тоа не ги спечило археолозите да го посетуваат често за да откријат од каде овој град настал.  За неговата изградба биле употребени на 800 000 тони градежен материјал. Некој од камењата се тешки и до 50 тони. Баш е чудно како овој град не се наоѓа во цивилизација туку на средината на остров во Пацификот, што го прави и самото прашање за постоењето на овој град бизарно. Кој и како го изградил се уште не е јасно.

Локалното население вели дека ѓаволот сам ги донел камењата, па поради тоа не е препорачливо ова место да се посетува почесто.

3. Чудна градба на дното на езерото

 Израелските археолози во 2003 година го истражувале дното на Тиберијадското езеро. Таму откриле градба која што не е изградена од природата.

Тие пронашле градба изградена од илјадници парчиња камења, која што е дупло поголема од Стоунхенџ и шест пати потешка од Ајфеловата Кула.

Се смета дека ова подводно чудо е старо околу 12 000 години. Некои научници мислат дека оваа градба е изградена на копно а потоа потопена. Но во тоа не се баш сосема сигурни. Не се знае дали во тоа време дали некој бил во состојба да направи такво нешто.

4. Градбите на првите луѓе

 Пилот на Кралската авијација Перси Маитланд во 1927 година летал на пустина во Блискиот исток разнесувајќи писма по пошта, но одеднаш додека летал тој забележал на сред пустина некои чудни облици на градби.

Тој се распрашал по локалното население, а тие му одговриле дека тоа се градби од првите луѓе.

Археолозите проучувале илјадници фотографии, го испитувале теренот, и заклучиле дека овие градби кои се наоѓаат на сред пустина се навистина изградени од луѓе. Не се знае кога, ни зошто се изградени. Овие градби се простираат на илјадници километри низ Сирија, Јордан и Саудиска Арабија.

5. Храмот на апокалипсата во Мексико

Теотихуакан  е името на градот кој се наоѓа над Мексико Сити. Неговото оригинално име му го дале Ацтеките.

Но кој живеел во овој град? Дали е познато кој го изградил? Како успеале да изградат толку големи и напредни структури?

Се знае дека Ацтеките го понашле овој град пред 500 години. Бидејќи на Ацтеките не им било јасно од каде овој град би можел да биде изграден, тие сметале дека боговите лично го изградиле. Ова е единствена теорија која се знае, бидејќи не постои ниту еден документ или извор кој што би можел да укаже на потеклото на овој град.

Теотихуакан  на времето бил голема метропола, во која живееле околу 250 000 жители (кој што во еден момент потполно исчезнале)За се да биде почудно овој град е изграден по строги урбанистички правила кои што и денес се користат.

 А се да биде уште почудно, пронајдени се првите 200 жители на овој град.Точно 200 костури без глави биле жртвувани во големиот храм, на церемонија на отоворање.

Но да не заборавиме да спомнеме дека од овој град се ископани само 5 проценти од неговата површина. А што се крие во другите преостанати 95 проценти кои се наоѓаат под земја?

Извор: Jungla.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here