Астрогастрономија

0
242

Астрогастрономија

Откријте какви обичаи во врска со исхраната има секој од хороскопските знаци.
Овен: Јадете мали оброци но често, без разлика колку сте зафатени. Овните многу лесно се вознемируваат кога се гладни.
Бик: Осигурајте се вашата вечера да биде задоволителна. Дивеч, јагнешко и пилешко им се омилен избор, а најчесто ги комбинираат со многу зеленчук.
Близнаци: Избегнувајте силно кафе и житарки бидејќи не ви одговараат. Јадете во кругот на пријателите или на семејството, бидејќи така помалку ќе јадете.

Рак: Лесно добивате на тежина, иако многу водите сметка за бројот на калориите. Јадете само ако сте целосно смирени.
Лав: Не можете да живеете без вкусни сендвичи. Ги приготвуваат со многу зеленчук и здраво месо, како мисиркино или пилешко месо.
Девица: Не јадете премногу леб и тешка храна. Избегнувајте се што е масно, зачинето и трудете се да џвакате колку што можете повеќе.
Вага: Станете порано и пригответе доручек кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден. На тој начин подоцна ќе јадете помалку и помали порции.
Скорпија: Немојте да консумирате алкохол, особено додека работите. Водата е најздрава за вас, а нема да ви штети една чаша вино со ручекот.
Стрелец: Избегнувајте лоша атмосфера, која многу влијае лошо врз вашето расположение, па јадете многу повеќе од нормално.
Јарец: Сакате да готвите, но без експериментирање. Сепак, го полните фрижидерот со храна која брзо се приготвува, а идеалниот избор е туна.
Водолија: Научете да престанете да јадете во моментот кога ќе почувствувате дека е доволно, дури и ако природата ви налага спротивно.
Риби: Избегнувајте кисела храна, рен и пржена сланина. Вие имате чувствителен желудник, кој лошо реагира на тешка храна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here