Боженствените мачки во Египет

0
596

macka-egipet

Се истакнуваат два вида на боженствени мачки. Едната е Бастет, која што во почетокот имала лик на лавица, а потоа мачка, а другата е Сакмет која што од самиот почеток имала лик на мачка.

Мачката во стариот Египет се сметала за свето животно, боженствата го носеле нејзиниот лик, а нејзиното повредување се казнувало со смрт.

Бастет преставувала мајчинска љубов и се сметала како заштитник на фараонот и врховниот бог Амон Ра. Таа била една од важните египетски божества и била поврзувана со богот на сонцето, но под грчко влијание таа станала божица на Месечината.

Грците ја викале Ailuros ( Αιλουρος ), што во превод значи мачка, па поради ова причина стравот од мачки се вика Алиурофобија . Интересен е фактот за тоа дека страв од мачки имале и најпознатите императори на планетава Наполеон и Гај Јулие Цезар.

Најпознатиот храм посветен на мачките Бастет се наоѓа во Бубастис. Кога некоја мачка од овој вид ќе починела таа била баламсирана и претворена во мала мумија. Некои мачки биле погребувани и во мали саркофази.

Сакмет била симбол на страста. Уште поважно, таа била божица на војната и уништувањето.  Нејзиниот култ се појавил покасно, но брзо се проширил. Постои верување дека оваа мачка исто била поврзувана со богот на сонцето.

Свештениците кои биле во служба на Сакмет во храмовите во Леонтополис секогаш се грижеле за неа. Тие секогаш морале да бидат нахранети, избањати и убаво украсени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here