Чудовиштата од длабочините

0
215
morsko-cudoviste-mystodonia

Чудовиштата од длабочините

morsko-cudoviste-mystodonia

Многумина сметаат дека езерата, морињата и океаните во себе ги кријат најголемите мистерии на светот. Тие прекриваат две третини од Земјата и достигнуваат длабочина над 10 километри. Какви тајни се сокриени е тешко да се дознае.
Гледајки ја од вселената нашата планета се чини дека е прекрасна. Опкружена со атмосфера и украсена со плави водени пространства било причината што таа е наречена и – плава планета. Повеќе од две третини нејзината површина ја прекриваат реки, езера, мориња и океани. Во таа тишина и речиси идиличен свет, кој што научниците се уште не успеале до крај да го запознаат и истражат, се кријат многу непознати животински видови, па дури и праисториски животни за кој што во текот на столетијата во многу краеви се раскажувани неверојатни приказни. 

Најпознатите средновековни книги за морската флора и фауна од норвешкиот надбискуп Олаф Мансон, познат уште под името Оаус Мангус, во 1555 година го објавил делото  “Историјата на природата на Скандинавија”, и “Историјата на животните” од Конард Гесенер, која што по прв пат била испечатена кон крајот на шеснаесетиот век, и ден денес има одреден придонес во научниот свет. Двајцата биолози во своите дела, помеѓу останатото детално опишуваат многубројни фантастични морски суштества кои што наводно во минатото се видени на разни страни од светот.

Сагата за кракен

За своите дела двајцата биолози најверојатно ја користеле од нивното време, омилената легенда за моќниот кракен чудовиште од северното море. Легендата, најверојатно прв ја лансирал бискупот Ерик Понтопидан од Берген, на кој што рибарите, често му раскажувале за драматични средби со “најголемото морско животно во светот”. Според една верзија, кракен – от бил црна морска змија, со мала глава, преку која паѓала долга разбушавена коса (или грива), сјајни мали очи и дебел врат, и најчесто ги напаѓало поголемите нордиски рибарски бродови.


Кракен, наводно бил повеќе ножно суштество со фантастични дименизии. Неговата должина изнесувала повеќе од шеесет метри, а ширината му изнесувала преку шест метри. Исклучиво се хранел со – китови, и ги уништувал рибарските бродови. Неговото појавување претскажало доаѓање на “тешки времиња” – пропратено со несреќи и војни.
За целиот свет кракен бил страв и трепет, но Магнус и Геснер во своите занимливи дела, сепак најголемиот простор го посветуваат на чудовиштето морската змија Ала за која што тврдат дека би можела да биде долга дури и до дваесет метри. Морската Ала имала жилаво тело, прекриено со сјајни лушпи, помеѓу кои се наоѓале ретки влакна.   Кога ова суштество се појавило на морската површина, се што запамтиле избезумените рибари и морепловци биле блескавите очи со пламеноцрвена боја.

Беше широко како брод

Всушност таков опис на мориското чудовиште дал капетанот Лоренс ван Вериа, кое што ова суштество го сретнал во 1746 година, додека пловел покрај норвешкиот брег. Слично суштество, со слични димензии, опишал и мисионерот Ханс Ереде. Суштеството се појавило изненадно додека тој пловел во водите околу Гренланд: “Беше широко како брод, а долго повеќе од три бродски должини!” – забележал во својот дневник Ханс Егеде.
Морската змија, според тврдењата на Магнус и Гесенер, своите жртви најчесто ги напаѓало во ноќите со полна месечина, кршејки ги и влечејки ги бродовите во морските длабочини заедно со посадата. Меѓутоа, она што ги збунува биолозите е нивната сила и големина. Тоа всушност, кога е во прашање живо суштвество едноставно – анатомски не е можно. Дали и денес во мрачните и таинствени морски длабочини живеат вакви чудовишта, кои што предизвикувале страв и трепет на морепловците во средниот век?
Која е вистината за “Oktopussu giganteusu”, огромната лигња која што се појавувала во минатото во јужните мориња. Дали и денеска постојат морски чудовишта?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here