Чудотворната моќ на Саи Баба

0
581

saibaba

Делото на Јохан Челнер за парапсихилошките феномени се состои од неколку дебели тома, но само мал дел од овој материјал е достапен на јавноста. Во него се наоѓа извештај објавен во 1932 година во магазинот Journal од Американското здружение за парапсихолошки истражувања. Извештајот е напишан од страна на Батх, поранешен претседател на здружението, кој што присуствувал на експериментите на медиумот Марџели Кандон.

Во тие експерименти духот на починатиот брат на Марџели Кандон, Волтер наводно вадел и ставал мали предмети од различни видови на кутии, најчесто картонски, затворени со самолеплива трака, кој што биле цврсто заклучени во дрвени и метални кутии. Ова било правено повеќе пати, а за тоа време Марџели Кандон била врзана за столчето.  Кога овие предмети биле телепортирани од кутија во кутија било лесно да се провери овој факт.

Неколку години подоцна, Ури Гелер тврдел дека успеал да телепортира не само помали предмети туку и луѓе и животни, но тоа никогаш не било научно докажано. Многумина очевидци се заколнале дека Гелер изненадно се појавил пред домот на неговиот пријател Ендрју Пухарика во Осининг во државата Њујорк, додека тој се шетал низ Менхетен, кој што од Осининг е оддалечен еден час возење со автомобил.

Индискиот гуру Саи Баба е посебна приказна. Неговата специјалност е материјализирање на правот vibhuti, прашкеста бела супстанца. Парапсихолозите кои што го посетиле никогаш не им било дозволено  да му наметнат контрола. Карлис Осис и Ерлендур Харалдсон наводно успеале да дојдат до една наметка од Саи Баба, која што при прегледот не успеале да пронајдат џебови или некои други места за криење. Исто така не успеале да пронајдат и остатоци од правот vibhuti во ракавите на наметката, од кој што миследе дека Саи Баба наводно го истресувал правот од ракавите во раката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here