Дали Патувањето кон звездите ќе стане реалност ?

0
186
patuvanje-kon-zvezdite-mystodonia

Дали Патувањето кон звездите ќе стане реалност ?

patuvanje-kon-zvezdite-mystodoniaМожно ли е да се стигне до неколку соларни системи побрзо од брзината на светлината? Можно е, ова го тврди Харолд Вајт. Со својот тим во НАСА тој работи на супер светлосен погон за вселенски патувања. До звездениот систем Алфа Кентаур кој што е оддален четири светлосни години од нас со таков вселенски брод би можеле да стигнеме за две недели.

Вајтовото истражување е обид за усовршување на концептот на мексиканскиот физичар Мигел Алкубјерг, кој што во 1994 година предизвика спор во светот на науката. Мигел претпоставува дека просторот може да се  искривува пред вселенскиот брод, а позади него да се шири. Бродот може да се смети во тој меур од искривениот простор и да остане неподвижен, па поради тоа луѓето во него нема да почуствуваат потешкотии. Просторот може да се шири и искриви со брзина поголема од светлината. Ајнштајновата теорија на релативност тоа не го противречи: ниту еден предмет во меурот фактички не се движи побрзо од брзината на светлината.

За да се формира меурот е потребна посебна супстанца – негативна маса која што во тотален колапс може да ја ослободи потребната енерија. Проценките ги поддржуваат теориите на Алкубјерг во кои што се наведени различни големини – еквивалетни на три маси на Сонцето од масата на Јупитер.  Харолд Вајт во своите проценки ја намали масата на 700 килограми. Под тој услов во меурот нема да се формираат форми на сфери , туку на крофни. Тој вели дека резултатите од работата даваат надеж. Неговиот тим со помош на ласер направил минијатурен модел од погонот на Алкубјерг, каде што просторот бил искривен еден спрема 10 милиони.

За ова интерес пројавила и NASA. Во САД постои и агенција DARPA која што ги финансира овие истражувања.

– Еден од принципите на DARPA е да се добие приоритет на финансирањето на проектот чие што решение ќе биде општо прифатено.

Раководителот на одделението од факултетот за физика РАН, Олег Лебедев смета дека финансирањето на слични идеи е исплатливо и преставува само нормално трошење на пари.

Но сепак дали постои надеж дека таков вселенски брод може да се направи ? Најпрво треба да се пронајде начин како да се скроти негативната маса – бидејќи од неа зависи патувањето низ галаксиите и универзумот.   За сега физичарите се подготвени да ги разгледаат само математичките модели и лабалаториските експерименти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here