Дух пред олтарот

0
515

duh-pred-oltarot

Во денешно време, во светот постојат само неколку фотографии на кој што се прикажани духови на починати, и кој што не се разјаснети на научна основа или се разoбличени како обична измама.  Меѓу тие фотографии се наоѓа и една за која што до сега нема никакво објаснување.

Фигура пред олтарот

Оваа фотографија е направена од страна на свештеникот Кенет Лорд во летото 1954 година за време на една служба на свештениците во црквата Newby во северен Јокшир во Англија.

Тој ден свештеникот фотографирал во својата црква со цел неговата фотографија да ја испрати на своите пријатели. Тој одбрал мирен период тој ден и со својата фотокамера Rolleicord 4 направил вкупно дванаесет фотографии.

На петтата фотографија, снимена во внатрешноста на црквата, од десната страна на олтарот, се гледа застрашувачка фигура со долга црна наметка и со нешто што потсетува на маска која што го прекрива нејзиното лице.

Свештеникот Лорд бил потполно сигурен дека во црквата немало никој додека тој го фотографирал олтарот. Откако тој го развил филмот, одличил да побара мислење од експерти со тоа што го испратил негативот од филмот во Кодак, бидејќи филмот за фотоапаратот бил произведен од компанијата Кодак. Откако негативот од филмот бил прегледан од страна на независен фотограф, како и многу други организации, никој не можел да ја пронајде причината на овој феномен или нешто што би укажало дека се работи за фалсификат.

Црквата Newby е изградена во 1870 година и колку што е познато, никогаш во неа немало духови или некој други паранормални феномени.

Со детална анализа на фотографијата докажано е дека фигурата е висока преку 2 метри и седумнаесет сантиметри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here