Духовите на SS Watertown

0
780

ss_watertown

Во Декември 1924 година, танкерот за нафта SS Watertown пловел на својата редовна рута движејќи се кон југ низ пацифичкиот залив во Мексико. Откако го испорачал товарот на нафта и нафтени деривати во Лос Анџелес, танкерот запловил назад кон Панамскиот Канал на пат кон Атлантикот.  Веднаш по поминувањето низ Панамскиот Канал, SS Watertown продолжил кон север во Њу Орлеанс, кон блиските рафинерии за да превземе нов товар на нафтени деривати. Патот  помеѓу рафинериите во Мексиканскиот залив и сладиштата за нафта во Лос Анџелес  станал рутина за SS Watertown и неговиот капетан Keith Tracey кој што добро ја познавал својата работа.

Сепак, и покрај сите искуства и мерки на претпазливост, секогаш постои шанса за непредвиденото, и трагедијата го чекала својот момент.

Тој ден, James Courtney и Michael Meehan , членови на екипажот на танкерот S.S. Watertown добиле задача да го исчистат талогот кој што останал во еден од резервоарите за бензин кој што од неодамна бил испразнет во Лос Анџелес.  Иако тоа не била некоја комплицирана задача, сепак тоа преставувало прилично валкана работа, а издувните гасови воопшто не биле пријатни. Но, овој пат гасовите не само што предизвикувале иритација и гушење – тој кобен ден тие биле и смртоносни. Поради високата концетрација на отровни гасови, двајцата несреќни морнари изгубиле свест, а потоа без можност да повикаат помош тие го загубиле и својот живот.

Капетанот и екипажот, иако биле прилично потресени од овој трагичен настан, не можеле да ги заобиколат морските обичаи, па затоа започнале да се припремаат за нивни погреб на море. Утрото, на 4 – ти Декември 1924 година, капетанот го собрал екипажот на бродот и ја извршил церемонијата на погреб, а замотаните тела на двајцата морнари биле спуштени во длабоките води на Пацификот за да почиваат во мир. Но нивниото почивање не траело долго.

duhovite_na_ss_watertown

Веќе следното утро екипажот на бродот бил во хаос. Првиот офицер од бродот пријавил дека, пред да се раздени, видел две лица во брановите на морето од левата страна на бродот. По одредено време и останатите членови од екипажот почнале да ги гледаат лицата на двајцата морнари во брановите на морето. Нивните лица биле големи и се појавувале на врвот на брановите и во турболетните струења на водата позади бродот, на околу десетина метри од бродот со 3 метри растојание помеѓу нив.  Тие биле видливи околу десетина секунди, а потоа се појавувале и исчезнувале во еднакви временски интервали кои што екипажот на бродот ја мерел од чиста љубопитност.

Дали ова биле духовите на несреќните морнари ?

Во следните денови лицата на двајцата загинати морнари може често да се видат во водите на Пацификот. На бродот се  појавила полемика дали духовите ќе ги следат до крајот на Панамскиот канал, но во моментот кога SS Watertown ги напуштил водите на Пацификот и запловил во водите на Панамскиот канал лицата исчезнале до крајот на патувањето повеќе не се појавиле.

По пристигнувањето во Њу Орлеанс, капетанот Tracey поднел извештај на своите претпоставени, CITGO нафтена компанија која што и денес постои. Во тој извештај тој ги навел сите детали за смртта на двајцата морнари како и необјасливите случувања на бродот. Капетанот Tracey добил совет да купи фотоапарат кој што ќе го држи при рака за време на враќањето  во Лос Анџелес.

На враќање, немало никакви знаци од духовите на двајцата морнари се додека SS Watertown не поминал назад низ Панамскиот канал и повторно запловил во водите на Тихиот океан.

Кога SS Watertown повторно се упатил кон Пацификот, екипажот почнал да ги гледа лицата на двајцата загинати морнари, но не толку често и во правилни временски растојанија како порано, но тоа било доволно капетанот  Tracey да направи 6 фотографии. Откако ги фотографирал брановите, капетанот филмот го заклучил во бродскиот сеф.

Кога конечно пристигнале во пристаништето, капетанот го испратил филмот на развивање во Њу Јорк, од кои што од вкупно 6 направени фотографии на 5 од нив не се гледало ништо.

Шестата фотографија ги прикажувала двете лица на морнарите во брановите на океанот, на која што јасно се гледале добро формираните глави на морнарите.

Негативот од филмот тогаш бил испратен во детективската агенција Burns во Чикаго за да се провери дали тој е фалсификат или модифициран.

Лицата на двајцата несреќни морнари, биле забележани и во текот на третото патување но на помал временски период. На четвртото патување не се појавиле ниту еднаш.

Низ следните десет години оваа приказна останала мистерија која што се пресраскажувала помеѓу вработените во компанијата CITGO се до 1934 година, кога еден магазин одлучил да ја објасви приказната за духовите на бродот SS Watertown. За жал, после десет години било тешко да им се влезе во трага на сведоците од овој настан, како и неверојатната фотографија која што ја направил капетанот Keith Tracey.

Едно од вообичаените објаснувања било дека екипажот на бродот бил под голем стрес кој бил предизвикан од смртта на двајцата морнари, па поради емотивната состојба тие почнале да ги гледаат лицата на морнарите во брановите. Оваа појава се нарекува паредолија. Морнарите според ова објаснување биле поврзани во заедничка визуелна хистерија  која им помогнала во верувањето дека наместо вода и бранови тие виделе човечки лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here