Ерос или немир и копнеж во срцата на луѓето и боговите…

0
255

Ерос или немир и копнеж во срцата на луѓето и боговите…

Старо божество на природата, кое со помош на љубовен копнеж обезбедува непрекинато создавање и обновување на светот. Ерос се прикажува како бог со златни крилја, гол младич со лак и стрела со кои внесува немир и копнеж во срцата на луѓето и боговите. Има голем број легенди за неговото настанување, во едната од нив тој се појавува по хаосот, заедно со земјата Геа и со подземниот свет Тартар. Тој е син на Пение (Сиромаштија) и Порос (Богатство), секогаш стои помеѓу мудроста и незнаењето, убавината и грдотијата. Ерос е бог на љубовта.

 

Една од најубавите легенди за Ерос е таа со убавата девојка Психа. Таа била убавица, која со својата убавина надминувала се што постоело на светот. Не можејќи да најде свршеник, таа просто застрашувала со својата совршена убавина. Очајните родители го прашале за совет пророштвото и советот гласел Психа да се стокми како за венчавка и да застане на врвот од една карпа каде што ќе дојде чудовиште и ќе ја земе за жена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here