Фауст и неговата желба за раскошен живот

0
315

faust

Додека светот постои, додека луѓето ќе живеат и ќе се радуваат на убавините на светот, секогаш тука ќе биде, за литературата и музичката уметност веќе познат, Др. Фауст и фасцинантната приказна за неговото жртвување за сопствен поубав и пораскошен живот.
За Фауст и неговата легенда биле пишувани литературни (Бајрон, Гете, Лесинг, Хајне, Томас Ман) и музички (Гуно, Вагнер, Берлиоз и др.) дела. Сите овие уметници пишувале т.е. компонирале за Фауст бидејки тој, и легендата за него која се ширела низ целиот свет, ги инспирирал. Каква е таа легенда? Чест ми е да ве запознаам со неа.

Познато е дека  Фауст вистина живеел кон крајот на 15 -тиот и почетокот на 16 – тиот век. Дека имал склучено пакт со ѓаволот. Дека во времето во кое живеел, за народот бил познат како: налудничав, лажливец, пијаница, панаѓурски дрдорко… Зачувана е дури и една потсетница на која пишува: Магистер Ѓеорг (Јохан) Фауст, повикувач на духови, толкувач на ѕвездите, магионичар, графолог, способен да чита од воздухот и огнот.

faust2

Фауст бил познат како голем окултист, а самиот за себе тврдел дека е во сојуз со ѓаволот и дека има ѓаволска моќ. Ѓеорг Фауст бил доктор, волшебник, магистар и авантурист кој живеел одприлика од 1480 до 1539/40 година. Често патувал. На неговите патувања низ Германија го следеле два лоши духа преобразени во коњ и во пес. Дури и реформаторот Мелангтон пишувал дека Фауст изучувал магија во Краков и дека имал пес, што всушност бил самиот ѓавол, кој на крајот го задавил.

По смртта на Фауст, неговите студенти направиле приказна, на латински јазик, која по печатењето доживеала голем успех, успех кој трае до денес. Додека траел неговиот договор со ѓаволот, Фауст патувал низ Европа, Азија и Африка, ги посетил папата и султанот, правел разни волшебства, притоа оставајки ги гледачите без зборови. Но за ова не земал пари, бидејки наводно ја продал душата на ѓаволот, за да овој го чува и му дава се што ќе посака.

faust3

Денот кога требало да умре, Фауст се поздравил со своите ученици и трганл во својот стан, каде што сатаната го чекал. Уште во раните утрински часови студентите ќе ја отворат вратата и ќе се запрепастат од ужасната глетка: собата сета била испрскана со крв, очите на докторот, заедно со неколку заби, се тркалале на подот, а целиот труп бил распарчен и расфрлан низ целата соба.

Ваше е да одлучите дали Фауст постоел или не ? Дали тој навистина правел магии со помош на ѓаволот, или пак тоа биле најпрости трикови ? Дали е вистина тоа што го виделе студентите, или пак тоа е дел од нивната бујна фантазија ?

Тоа го оставам на вас, а јас само да додадам дека Фауст е мртов одамна, но легендата за него продолжува да живее.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here