Гатање на свеќа

0
754
gatanje-na-svekja-mystodonia

Гатање на свеќа

gatanje-na-svekja-mystodonia

Според  тоа како свеќата ќе се запали, како гори и како се гаси, некои гатаат за судбината на куќата и за домаќините.

Свеќата за слава ја пали домаќинот и ако свеќата лесно и одма се запали, тоа е добар знак, но ако се изгаси самата од себе тоа е лош знак за домаќинот и неговата куќа. Некои веруваат дека тоа ја претскажува смртта на некој во куќата.

Не е добро ни кога свеќата цело време трепери и не догорува.  Ако големата свеќа која што се пали обично за Божиќ не гори рамномерно и некој дел гори споро и трепери , тоа е знак дека некој од домаќините ќе почине.

Ако за време на Божиќниот ручек додека гори свеќата некој од домаќините не ја види својата сенка на зидот или ја види без глава се верува дека нема да го дочека жив следниот Божиќ.

Доколку свеќата се накривува или прекршува, тоа е лош знак за домаќините.

По завршувањето на славата свеќата се гаси со вино, па по чадот од гасењето некои гатаат што ќе се случи. Доколку чадот оди право во висина , тоа е добар знак, но ако оди накриво тогаш може да се очекува болест во куќата или кај стоката. Доколку чадот оди накај некој од домаќините , тој ќе се разболи или почине.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here