Гледање на грав

0
921
Gledanje-vo-grav-mystodonia

Гледање на грав

Gledanje-vo-grav-mystodonia

За ова гатање потребно е да земете зрна пченка, јачмен, или грав – кој што најчесто се употребуваат во оваа работа. Одтука и постои реченицата “Не гледав во грав” или “Да ти гледам на грав” или “Да ти гледам на јачмен”.

Суштината на гледање во грав се состои во тоа што заинтересираната личност во своите мисли си поставува прашање: за здравјето, за среќата, љубовта, патот, работата, неверството, бракот, а додека пак гатачот ги фрла зрната и според нивниот распоред проба да одговори на поставените прашања. Дали одговорот од зрната ќе биде поволен или не, зависи од бројот на зрната и распоредот на зрната по редови.

Ова фрлање на зрно често е пропратено со баење од страна на гатачот, така да гледањето во грав може да биде повече врачарење отколку гатање, па затоа ќе го опишеме во кратки црти.

Се зимаат 41 зрно грав, добро се промешуваат и се поделуваат во приближно три еднакви редови. Од секој ред се одвојуваат по 4 зрна се додека не се добие остаток од 1, 2, 3, или 4 зрна во секој ред. Тие остатоци се редат од лево кон десно во првиот ред.
Остатокот од зрната се собира, се промешиваат и наново се делат на три реда, од кој што повторно на ист начин се одбројуваат по 4 зрна а додека пак остатокот, како во претходниот случај се реди во друг ред.

На ист начин се постапува уште еднаш така да се добиваат три реда зрна.
Првиот ред на зрна се вика чело, вториот средина, а додека пак третиот се вика праг. Редот од левата страна се вика лев или женски ред , а додека пак десниот се вика машки ред. Редот во средина се вика срце.

Овака подредените десет редови даваат одговор само на едно прашање а за секое прашање се врши ново фрлање односно редење.

Пример на редење на зрната

gledanje-grav-1-mystodonia


Добри знаци кај гледањето на грав:
– Кога на челото ќе дојдат три редици вкупно 9 зрна без обзир колку има во секоја редица.
– Кога во редот на срцето – во средниот ред ќе се најдат 2 зрна и од страната 3
– Кога во прагот на средниот ред се паднат 3 зрна и 1 од страната

Поволни знаци:

gledanje-grav-2-mystodonia


Неповолни знаци кај гледањето на грав:
– Ако во секој ред падне по 1 или 2 зрна.
– Ако на прагот се најдат 4 или 3 зрна
– Ако во срцето се најдат 1, 3 или 4 зрна

Неповолни знаци:

gledanje-grav-3-mystodonia

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here