Гледање на кафе

0
1287
coffee-mystodonia

Гледање на кафе
coffee-mystodoniaКафето е со потекло од Африка. Од 16 век неговата употреба започнала нагло да се шири, и така како напиток го освоила целиот свет. Нашиот народ го прифатил овој корисен напиток , така и денеска кај нас се смета за национален пијалок.

Таинствените шари кои се создаваат во талогот на испиеното кафе на дното на на шољата им дале повод на “видовитите” луѓе односно жени од тие шари и знаци да ја “читаат” судбината на оној кој што го испил кафето. Гледањето во шоља е чисто женска “дисциплина”, но постојат и мажи кои што ја совладале оваа вештина.
Во што се состои оваа вештина? Дали воопшто се работи за некоја видовитост или таинственост? Тука не постои ниту видовитост ниту таинственост, туку се работи за “вештина” за читање и “дешифрирање” на шарите и знаците кои што се создаваат во талогот на една испиена шоља кафе.

На прв поглед, кога ќе погледнеме во исушениот талог на дното на шољата, не гледаме ништо освен безличен темен талог. Но ако во тој талог се загледаме малку подобро, тогаш во него ќе видиме разни шари, фигури и знаци кои што нас по малку ни личат на човечки или животински облици, или пак некоја буква или предмет: Ете тоа ни ја разрешува тајната ! Друга работа е што некој знак или фигура во талогот на шољата за еден преставува куче, а за друг магаре, за трет коза а додека пак четвртиот видел свиња. Сите тие можеби се во право , но за секој нејасен знак можеме да дадеме мислење за нас како ни се причинува. Таа слобода на толкување на знаците би требало да биде од корист, па во шољите на нашите пријатели би можеле да ги видиме оние знакови и фигури кои што највеќе ќе ги израдуваат, развеселат и насмејат.
Пред почетокот на гледањето во шоља треба да се запаметат неколку правила:
1. Личноста која што сака да и гледате во шоља испиено кафе – шољата превртете ја на тацната и почекајте од пет до десет минути да се исцеди и да се исуши талогот.
2. Во шољата не смее да се налива нова количина кафе за да се зајачаат шарите и не смее со ништо да се допира.
3. Фигурите на дното на шољата представуваат личност или домашна личност на која се гледа. Фигурите на врвот од шољата зборуваат дека случувањата ќе се исполнат. Фигурите кои што излегуваат на самата ивица на шољата , значат патување или промена во плановите.
4. При толкувањето и разрешувањето на на поединечни поими и фигури, секогаш треба да се тргне од од знаковите кои што ја преставуваат на личноста на која и се гледа. Сите останати фигури и знаци треба да се поврзат со тие знаци и така да се толкуваат. Ликовите се толкуваат од лево на десно и од озгора нагоре.
Во продолжеток ви даваме голем број на толкувања за знакови, шари и фигури кои се создаваат во талогот на кафето.


Толкување на знаците во шољата

A – среќен почеток на некоја работа
Аван  – Потруди се во работата
Аков – Успешна работа
Ангел – среќна средба во куќата
Баба – жалост во куќата
Бик – жени: нестрпливо удварање, човек: караница со пријателот
Броеви – играј на тие броеви во лотаријата
Букет цвеќе – трајна љубов
Бунар – Замка, местенка
Вага – во долниот дел: караници во куќата; во горниот дел: успех
Вазна – достоинство
Верверица – за брзо време среќно случување, среќа
Венец – смрт
Вода – млаз на дното на шољата: големи пари во куќата
Г – радост
Гавран – лоши вести
Гнездо – среќа во фамилијата
Гулаб – писмо со пријатни вести, среќа во коцка
Гроб – на дното на шољата: смрт во семејството; од страна: смрт во околината
Дете – крштевање, кумство
Дим – судење
Дрва – имаш добри пријатели, желбата ќе ти се исполни
Друштво на луѓе – весел провод


Ѓавол – добивка на коцка
Есцајг (прибор за јадење) – караница со жената
Жаба – сплетки околу куќата
Жбун – пријатно друштво
Жена – во горниот дел од шољата: среќа ; во делниот дел: љубомора ; гола жена: срамење
Знаме – среќа, успех
Звезда – среќа
Зид – покана за непристојна работа
Зима – беда, болест
Змија – непријателство
Запчаник – промена на подобро
Јаболко – гласови на љубовта
Елка – болест на мајката или бабата
Елен – ќе се најдеш во друштво на човек со висока позиција
Клуч – успех на започната работа
Книга – некој ќе ти се довери
Коњица – успех во работата
Куфер – ќе добиеш писмо
Крст – црн на белата површина: среќа; бел на црната површина: несреќа, смрт
Кругови – неизвесност


Л – бесцелна работа
Ланец – затвор, ропство
Лисица – подмолност, неискреност
Лист од детелина – среќа
Листови од дрво – солзи
Лонци – свадба
Меч – некој ќе ти укаже чест
Мачка – караница во куќата, несогласување со пријателите
Месечина – млада месечина: ќе се омажиш од љубов; полна месечина: добар брак
Мост – ќе остраниш непријатност, ќе преминеш преку препреката
Мртовечки сандак – ќе ти дојде непожелно лице
Нога – Малку патување
Нос – некој се распрашува за тебе
Облаци – се ќе ти биде ведро; ситни облаци: озборување – ретки : пари
Облека – гостин
Паун – мил гостин во куќата
Писмо – пријатен глас
Прозорец – љубопитен сосед
Птици – пријателство, добри вести
Пат – патување
Риба – превара
Рогови – опасност во близина
Ружа – Добро здравје и среќа
Сабја – одликување, почест
Санка – непожелна принова
Светец – благосостојба во куќата
Свештено лице – напредок, успех
Слон – голема добивка


Букви во талогот – ќе дојдеш во врска со личност чие што име почнува со таа буква
Сонце – успех на запонатата работа, општа сигурност
Терет – нови работи
Тркач – не се обложувај
Точка во талогот – бела точка: озборување; црна точка: непријатно писмо; повеќе црни точки: поклон
Фес – пријатна званична вест
Х –  затвор
Црв – презир , караница
Црква – вонредно напредување во се
Чамец – ќе останеш вдовица, вдовец
Чекан – грижа
Чешма – добро здравје
Шешир – се ќе ти оди од рака
Шари – неправилни во дното на шољата – променлива материјална состојба
Шунка – караница со околината

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here