Годишен Хороскоп за 2011

0
260
horoskop2011-mystodonia

Годишен Хороскоп за 2011

horoskop2011-mystodoniaMystodonia.com на своите читатели им го преставува годишниот хороскоп за 2011 година. Погледнете што планетите и зведите ви предвидуваат за оваа година, дали ве очекува нова љубов, како ќе ви биде на работа или какво ќе ви биде здравјето.

Годишен хороскоп за Овен

Кариера
Оваа година ќе ви донесе многу возбудувања. Ќе чустувате потреба за да постигнете многу и немир кој што ќе ве тера да отидете што подалеку во некои работи.  Секако дека нема да ви успее се што ќе посакате – но тоа би било нереално доколку го очекувате. Послушајте го нашиот совет: внимавајте на финансиите, бидејќи тие се главна причина за сите проблеми ! 

Љубов
Првиот дел од годината нема да ви биде наклонет, но ситуацијата – среќа – ќе ја промените со нешто друго.  Слободните овени мора да ги почекаат своите 5 минути, колку и да се нестрпливи. Овените во врска ќе имаат цела рака работа со конфликти кои што можат да прераснат во голема криза. Не плашете се, бидејќи вие сте способни да се справите со тоа.

Здравје
Здравјето ќе ви биде одлично. Сеедно послушајте и еден добар совет, јадете здрава храна и движете се што е можно повеќе.


Годишен хороскоп за Бик

Работа
Во почетокот на годината работата нема да биде баш наколонета. Ќе имате чуство дека е потребно повеќе да се потрудите бидејќи тој труд е воедно многу ценет. Нашиот совет е:  искористете ги паметно своите приоритети и одлучете се за една цел. Во преостанатиот дел од годината ќе дојде олеснување.

Љубов
Кој нема среќа во работата има во љубовта – или слично . Во секој случај,  нашиот тим ви гарантира дека ќе имате повеќе среќа на љубовен план отколку изминатата година. Очекувајте пријатни изненадувања. Биковите во врска ќе уживаат во хармонијата со нивните односи, но во случај ако нешто не биде од прва, вашиот партнер ќе биде покрај вас.

Здравје
Можно е да имате проблеми, но можно е да поминете и без проблеми. Внимавајте на стресот, поминувајте повеќе време на свеж воздух (посебно во друштво на деца) и уживајте.


Годишен хороскоп за Близнаци

Работа
Ќе имате прилика да се покажете колку сте креативни и што можете. Послушајте го нашиот совет: искористете ја секоја шанса која што ќе ви дојде при рака. Дури и тогаш кога најмалку се надевате (благодарејќи на трудот и малку среќа) ќе доживеете позитивен напредок во кариерата.

Љубов
Слободните близнаци ги очекуваат неколку интересни прилики од кои што секоја ќе им се причинува дека “таа е вистинската”, но на крајот само една ќе се покаже таква. Проблемот е во тоа што лесно може да се случи да промашите и да тргнете за личност која што нема да знае да ве усреќи така како што вие заслужувате ! Близнаците во врска ќе ги посоветуваме да ги остават другите планови и повеќе да се посветат на своето семејство – бидејќи таквата стратегија нема да им донесе најмногу среќа и задоволство ! 

Здравје
Здраствената ситуација ќе ви биде добра, но очекувајте и помали проблеми.


Годишен хороскоп за Рак

Работа
Ако изминатата година сте биле незадоволни со деловните достигнувања, оваа година на крај би можеле да дојдете до своето. Бидете стрпеливи и тогаш кога работите не одат како што треба . Не отфрлајте ги новите прилики дури и кога не ви одат од рака, и запомнете дека битката не е загубена.

Љубов
Ослободете се, не се затворајте во себе, не чекајте љубовта да ве побара по скриените катчиња на вашиот дом. Потрудете се и ќе видите неколку интересни луѓе кој што се наоѓаат околу вас – само доколку им дадете прилика. Раковите во врска би можеле да се најдат во ситуација која што нема да им биде по воља, но тоа е вистински испит за нивната зрелост и љубов.

Здравје
Не му се предавајте на стресот бидејки тоа може силно да ве погоди. Запомнете го нашиот совет:  колку и да се јаки вашите неприлики, вие бидете појаки од нив.


Годишен хороскоп за Лав

Работа
Оваа година би можела да биде најдобра за вас само доколку одиграте на паметен начин. Во првиот дел од годината ќе ви се укаже прилика за напредок која што ќе настојувате да ја искористите. Всушност оваа година ќе ви се насмее среќата, па би било штета да ја распитете со непромислени потези.

Љубов
На љубовен план спремате акција, бидејки лавовите се секогаш спремни за акција. Храброста е секогаш доблест (но никоша маана), оваа година ќе добиете нова прилика да си поиграте и да испробате колку се навистина остри вашите лавовски канџи. Лавовите во врска ќе ја загушат својата драматичност . Совет: не е секогаш другата страна крива и не сте секогаш во право.

Здравје
Што се однесува до здраствената ситуација, не би требало да имате големи проблеми. Погрижете се доволно да одморате и не се исцрпувајте со незалудни битки, бидејќи вашата енергија има свои граници.


Годишен хороскоп за Девица

Работа
Иако понекогаш се чуствувате дека конечно сте ја организирале вашата работа баш така како што треба во овој момент не би требало ништо да променувате. Особено во вториот дел од годината  бидејќи можете да пропуштите инзводредни шанси.

Љубов
Во првиот дел од годината едноставно нема да биде ваше време. Слободните девици ќе се прашуваат каде згрешиле и зошто не ја запознале вистинската личност, а додека пак девиците во врска ќе очекуваат конфликти кој што треба да ги решат што е можно поскоро. Не ги оставајте на подолго време. Стиснете ги забите и почекајте ја есента.

Здравје
Ќе почуствувате многу енергија што не е случај во изминатите години – искоритете го тоа за вежбање и брзо движење по свежиот воздух. Накратко ви ги препорачуваме сите здрави работи.


Годишен хороскоп за Вага

Работа
Почетокот на годината не изгледа баш охрабрувачки, но како ситуацијата ќе се развива – тоа зависи од вас. Во секој случај внимавајте на финансиите, бидејќи многу брзо можете да се најдете во голем минус на банковната сметка.

Љубов
Кој нема среќа со парите, има среќа во љубовта – оваа година ќе биде посебна за вас. Романтичната пролет ќе ви донесе на прагот интересна личност која што ќе предизвика кај вас среќа и мечта.Паметот во глава, но од друга страна не бегајте од предизвик.  Вагите во врска ги очекува решение на некои прашања. Тоа време искористете го за да ја проверите својата врска и да ги поставите работите на место.

Здравје
Размислете воопшто за вашето здравје. Затанете и запрашајте се што навистина правите и дали сте на вистински пат – стресот кој што го чуствувате би можел да ви се наплати.


Годишен хороскоп за Скорпија

Работа
Гледано од деловна страна оваа година ќе биде одлична за вас, бидејќи со времето можете да процените кои се вашите цели во вистинска смисла. Оваа година ќе ви биде посебно благодарна за остварување на нови идеи. Во секој случај настојувајте што е можно повеќе да успеете бидејќи вложениот труд ќе ви се врати со камата.

Љубов
Ако се плашевте дека оваа година ќе ви биде досадна и дека нека да ви се случи нешто интересно  – грешите. Напротив очекувајте возбудување. Ќе имате креативност и енергија кои што ќе ги исполнат деновите кои што доаѓаат, па затоа очекувајте позитивни промени и нови предизвици.   Истото важи и за слободните скорипии, но и за оние кои што се во врска.

Здравје
Веруваме дека ве исцрпиле проблемите со кои што сте се бореле изминатата година, и затоа со нетрпение и олеснување ја дочекувате новата. Дозволете си повеќе време да се опоравите и зајакнете, па потоа тргнете полека и паметно.


Годишен хороскоп за Стрелец

Работа
Не претерувајте и не го барајте од себе невозможното, колку и да сте нестрпливи и незадоволни. Во првиот дел од годината ќе имате неуспешни обиди и повремени разочарувања, но затоа во другиот дел од годината ќе имате среќна рака. Внимавајте сепак да не полетате високо во своите планови и секако водете сметка за финансиите бидејќи тие можат да предизвикаат проблеми.

Љубов
За стрелците љубовта е една прекрасна игра, а кога околностите ќе им се поклопат – вие тргнувате во акција. Сепак внимавајте бидејки претерувањето и големата заиграност можат да ве нанесат на некои погрешни одлуки. Стрелците во врска ќе уживаат во својата страствена врска со својот партнер.

Здравје
Оваа година ќе мора да припазите да не се исцрпувате многу како изминатите години. Другиот дел од годината ќе ви донесе поголема отпорност и сила, но пазете на навиките и посветете што поголемо внимание на своето здравје.


Годишен хороскоп за Јарец

Работа
Оваа година ќе ја обележите со интензивна комуникација со другите:  некој ќе ви помогне или ќе му треба ваша помош. Други ќе зависат од вас, но и вие ќе зависите од други. Сепак внимавајте бидејќи лесно би можело да се случи некој да ја присвои вашата работа. Во секој случај ви предстои мирна година, а состојбата на финансиите ќе бидат солидни. Ако се обидете да побарате некој предизвик – нема да го барате далеку. 

Љубов
Првиот дел од годината ќе се одбележи со чуство на силна енергија која што на некој начин ќе ја отфрлите од себе – а како ќе го направите тоа, зависи од вас. Совет: не бидете премногу инвазивни и не очекувајте до саканата цел да дојдете преку ноќ.  Слободните јарци нека ја расплетат својата мрежа и нека причекаат саканиуот улов да се заплете во неа, а додека пак оние во врска мора да припазат на своите зборови бидејќи можат да го повредат својот партнер.

Здравје
Во текот на оваа година најверојатно ќе треба да посетите доктор, но да ве утешиме дека ќе се работи за промена на однесувањето и ставот кон сопственото тело.


Годишен хороскоп за Водолија

Работа
Вашето внимание ќе го одземе нов проект и нова деловна прилика, колку и да ја смирите сопствената нестрпливост, ќе ве прогонува мислата дека заслужувате и подобро. Тоа не значи дека е потребно конкретно нешто да превземете, но сепак за вас ќе дојде погодна клима која што ќе ви помогне да дојдете до крајот.

Љубов
Нови луѓе и нова љубов ќе зачука на вашата врата. На слободните водолии ќе им се укаже нова прилика, но исто така потребно е и да внимаваат: личноста во која што веруваат би можела на крајот да им се покаже во друго светло. Водолиите во врска исто така потребно е да го преиспитаат својот однос со партнерот, водолиите во врска исто така ќе го преиспитаат својот однос со партнерот, но се ќе биде јасно до есен и ако добро го поставите вашиот однос ви предстои удобен однос пред крајот на годината.

Здравје
Посветете се себеси, одвоите барем пола час или десетина минути секој ден и запрашајте се себе си: Дали сте задоволни со својот живот? Колку сте грешеле во помладите години, и дали сте задоволни сега ? Важно е да го пронајдете својот мир.


Годишен хороскоп за Риба

Работа
Оваа година ќе одбележи нешто повеќе немири и борби. Посебно ќе се мобилизирате кога ќе пробаат да ви го одземат правото, но бидете спремни на можноста друг на тоа прашање да има спротивно мислење.  Ако ви е доста од бегање и ако не сте спремни за борба, искористете го првиот дел од годината за да биде на ваша страна – но со доаѓањето на летната ситуација би можело тоа да се промени и тогаш ќе морате за секоја работа да одлучувате двапати повеќе.

Љубов
Ех, таа љубов.  А кому љубовта (нежноста, вниманието и она се што доаѓа со неа) му е потребна највеќе отколку на вас? Слободните Риби ќе ги имаат своите 5 минути и во некои моменти ќе чуствуваат како се да им оди од рака, но ќе има и сиви денови кога ситуацијата ќе излезе од контрола ! Совет: сами ја кроите својата судбина и само од вас зависи дали на крајот ќе останете победник. Секако дека тоа вреди за вас.

Здравје
Кај вас прогнозата за здравје е едноставна: кога други работи ви одат добро ќе се чуствувате добро – но кога ќе заглави тогаш ете ви ги главоболките и стресот. Но на сето тоа оваа година ќе биде добра за вас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here