Големата пирамида во Гиза (Најголемите светски мистерии)

0
568
Pyramids-of-giza-mystodonia

Големата пирамида во Гиза (Најголемите светски мистерии)

Pyramids-of-giza-mystodoniaГолемата пирамида во Гиза во Египет била изградена за да биде вечен спомен на кралот Куфу, попознат под своето грчко име Кеопс – еден од најмоќните владетели на древните светови. Крај брегот на Нил стојат околу 40 пирамиди, но ниедна од нив не може да се спореди со Големата пирамида. Висока е 147 метри и зафаќа површина од преку 5 хектари – простор доволен во него заедно да се сместат Вестминстерската опатија, катедралата Свети Павле и големите катедрали во Милано и Фиренца.

Прецизно исечените камени блокови – што ги има околу 2.300.000, а секој е тежок од 2 до 15 тони – би биле доволни за да се изградат сите катедрали, цркви и капели подигнати во Англија од почетокот на христијанството. Наполеоновите геометри пресметале дека од тие камења би можел да се направи ѕид висок 3 метри и широк 1 метар, со кој би се опашала цела Франција.

Основата на пирамидата претставува совршен квадрат, при што нејзините четири страни прецизно се поклопуваат со четирите страни на светот на компасот. Аглите на основата се речиси идеално прави.

Дури и денес е тешко да се сфати нејзината големина ако не се застане во сенката што ја создава. Пред 5.000 години била уште повеличествена, кога била обложена со блештукав бел карстен камен – кој одамна е симнат и употребен како градежен материјал на друго место – и покриена со завршен камен, висок 10 метри, од чисто злато.

Дали големата пирамида е само чудо на градежната вештина или има и некое подлабоко, мистично знаење?

Се поголем број откритија од древното минато претставуваат несоборливи докази дека старите цивилизации често достигале зачудувачко ниво на научните знаења. Некои од нив, изгледа, поседувале знаења што нам ни недостигаат и денес. На пример, како старите Египќани, кои сеуште го немале откриено тркалото, ја подигнале Големата пирамида само со помош на лостови и валјаци? Како можеле да ги изделкаат огромните гранитни блокови со толку восхитувачка прецизност? Како успеале да постигнат толкава тврдост на своите бронзени алатки што ни до денес не можат да се копираат? Од каде им биле оптимизмот и решителноста да пристапат кон реализација на проект чија грандиозност и денес би ги обесхрабрила и најхрабрите архитекти и инженери?

Големата пирамида стои на каменито плато, десетина милји западно од Каиро. Се верува дека совршено рамната подлога била постигната со подигање на ѕид од кал околу платото. Додека водата постепено се повлекувала, се појавувале тумби што биле отсечувани додека не се израмнеле со околниот терен. На таквата подлога, што била нивелирана подобро од оние што биле под облакодерите од 20-иот век, бригади работници ги туркале огромните блокови од блиските каменоломи. Блештукавите карстни карпи требало да се довлекуваат од уште поголема далечина, од каменоломите што биле далеку од бреговите на Нил. Камењата биле влечени со санки. Кога ќе го положеле на определеното место, екипи каменоделци почнувале да ги обработуваат до совршенство.


За случај кралот Куфу да умре пред да бидат завршени работите, била ископана гробница длабоко во тврдата камена основа под пирамидата, а потоа би била направена уште една во самата пирамида, но на пониско ниво во однос на планинараната погребна одаја.

И покрај сите разработени решенија, се чини дека телото на фараонот никогаш не било положено во Големата пирамида.

Египтолозите што детално ги проучувале пирамидите главно се делат на две групи – оние што веруваат дека пирамидите имаат некое длабоко, мистично значење и оние што сметаат дека тоа се само гробници. Но ако Големата пирамида е само гробница, тогаш зошто недостига телото и за што служи математичката точност кај секој ѕид, агол, премин и вдлабнатина?

Како што се покажало во Долината на кралевите – каде што бил најден гробот на Тутанкамон – телата биле нормално погребувани со накитот и скапоценостите. Крадците што ги ограбувале гробниците, ги краделе сите драгоцености, но многу ретко ги изнесувале и телата. Па сепак, кога младиот калиф од Багдад Ал Мамун околу 800 години пред новата ера прв стапнал во Големата пирамида, во неа не нашол ништо.

Ал Мамун, всушност, трагал по знаење а не по плен. Ја слушал легендата според која во Големата пирамида се наоѓаат астрономски карти, нескршливо стакло и најчисти  метали. По ризичното и тешко влегување во гробницата, што ги принудило неговите луѓе да ги обележуваат премините околу гранитните столбови, конечно стигнал во кралската одаја. Во неа се наоѓал само празниот саркофаг, без капак.

На младиот калиф му изгледало невозможно, откако ги видел недопрените гранитни клинови, дека некој можел да влезе во пирамидата пред него. Барал докази за насилно влегување или за грабеж – но залудно. На крајот, разочаран, заминал прашувајќи се збунето зошто воопшто бил изграден огромниот споменик.

Потоа Големата пирамида била оставена на мир со векови се додека британските и француските научници и математичари во 17-иот и 18-иот век не почнале да покажуваат интерес за неа. Оксфордскиот научник Џон Гривс во 1638 година ја истражувал кралската соба и се восхитувал од прецизноста до „илјадити дел од стапката“. Неговите откритија го привлекле вниманието на други научници, меѓу кои биле и сер Исак Њутн, и тие работеле – рака на срце неуспешно – на откривањето на тајната на Големата пирамида.


Англискиот авантурист, полковник Ричард Хауард-Вајз во триесеттите години на деветнаесеттиот век предводел екипа што наишла на два цевковода со пречник од дваесетина сантиметри што воделе од северниот кон јужниот ѕид, минувајќи низ кралската соба. Доаѓајќи до кралската соба, утврдиле дека температурата во неа, без оглед на надворешната клима, константно изнесува 20 Целзиусови степени – што всушност е идеално за зачувување на научните справи и инструменти што се спомнуваат во легендата за гробницата.

Едниот Англичанец, Џон Тејлор, син на издавачот и основачот на дневникот „Обсервер“, во следните 30 години предано работел подготвувајќи ја својата обемна студија за пирамидата. Детално испитувал се што се знаело дотогаш за Големата пирамида и во својата книга „Големата пирамида: зошто била изградена и кој ја изградил?“ дошол до заклучок дека Египќаните „знаеле дека земјата има форма на сфера и дека, набљудувајќи го движењето на небесните тела над Земјината површина, го погодиле нејзиниот обем и сакале да остават точни и неизбришливи податоци за тоа со помош на една таква конструкција“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here