Хороскопот и слободното време

0
202
zodiac-signs-mystodonia

Хороскопот и слободното време

zodiac-signs-mystodonia

Во слободно време, родените во знакот Бик мислат само на јадење во лежечка положба. Грицкање чипс, соленки, колачи и слични грицки, во комбинација со добра книга, или пак сладолед на тераса и во двор.

Не го трошат сите слободното време на исти работи. Некои сакаат да денгубат, некои да се дружат, некои да работат нешто креативно. Еве како го поминуваат слободното време знаците во зодијакот.

Овен – Во слободното време мора да ја согори енергијата која ја има во неограничени количества. Нивниот слободен ден би изгледал приближно вака: возење велосипед до Монт Еверест, лет преку океанот на Змеј, а навечер луда журка во дискотека. Едноставно не запираат.

Бик – Во слободното време мислат само на јадење во лежечка положба. Грицкање чипс, соленки, колачи и слични грицки, во комбинација со добра книга, или пак сладолед на теараса и во двор.

Близнаци – Слободното време го поминуваат на интернет. Читаат се и сешто , а најмногу сакаат кога се допишуваат со и со десетина луѓе на различни социјални мрежи и Скајп.

Рак – Тие сакаат семејна атмосфера. Уживаат кога се дома и никогаш не им е здодевно. Во слободно време приготвуваат некој нов специјалитет во кујната или прават подготовки за скара со пријателите.

Лав – Во слободно време Лавот ќе отиде во театар со својот партнер/ка. Се разбира, ќе ги плати картите. Не изненадувајте се ако го фатите како ги запишува речениците од претставата, одобено од главниот лик.

Девица – Своето време го трошат во чистење. Мораат да направат се што не успеале да постигнат за време на работната недела. Може да го искористат и за да ги средат зачините по азбичен ред.

Терезија – Голема е веројатноста да отидат на некоја изложба и со шампањ во раката да разгледуваат слики. Најчесто во овие ситуации и запознаваат некого и почнуваат разговор.

Скорпија – Во слободното време Скорпијата ќе ги прошета сите продавници и ќе купува работи кои ќе му го збогататат гардероберот. Ноќта ја поминуваат во клубови, привлекувајќи внимание од сите присутни.

Стрелец – Своето време обожаваат да го поминуваат на свеж воздух. Дури се спремни и да отпатуваат некаде, барем на еден ден. Знаат да спакуваат овошје, сендвичи, пијалаци и наутро да тргнат во нови авантури, без никаква најава.

Јарец – Најмногу сакаат кога го поминуваат времето во канцеларија. Барем мал дел, бидејќи сакаат се да завршат на време. Единствен начин да ги наговорите на забава е да им кажете дека вие честите.

Водолија – Слободното време тие го поминуваат во производство на некој нов производ. Или, пак, одат во шопинг на некој најнов гаџет или модерна облека.

Риби – Тие сакаат да го поминат времето на тераса со леден чај или кафе, уживајки во ладовината на некое дрво и восхитувајќи и се на природата. А потоа може да напишат песна за својот сон од пред некоја вечер.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here