Интервју со Стефан Пеев, македонскиот Ајнштајн

1
357

Интервју со Стефан Пеев, македонскиот Ајнштајн

Господине Пеев, дали планетата Земја била посетувана од вонземна цивилизација?

Пеев: Повеќе светски научници тврдат дека нашата земја некогаш била посетена од вонземна цивилизација. Трагите кои се оставени од тие посети се избришани. Меѓутоа, сепак нешто е зачувано кое треба само детално да се проучи со сознанијата на денешната наука.

Многу преданија на нашиот народ зборуваат за проблеми кои од денешната наука не се разрешени. Со помош на современата наука, виша математика, атомска физика (дешифрирајќи ги овие преданија) се добива конкретна мисла која е интересна не само за читање, туку претставува и револуција во научната смисла за современиот свет.

Поврзувајќи ги знањата од повеќе области на повеќе народи и нашиот македонски народ има знаење за минатото кое треба да се вклучи во светската ризница.

Конгресот на САД и има одобрено на Американската вселенска агенција “НАСА” сто милиони долари за да одговори на дамнешното прашање: “Дали сме сами во вселената”?

Според Вас дали сме сами во вселената?

Пеев: Со ова прашање сум преокупиран уште од детството. За време на школувањето секоја информација која би можела да ми користи на горнот прашање, посебно ја меморирав.

Сега ми преостанува уште некои од тие информации да Ви ги презентирам за да можам слободно да одговорам: “Ние во вселената не сме сами”. На милијарди планети животот се одвива како што се одвива на Земјата. Но човекот на земјава е дојденец од друг свет и патува кон свет кој ќе ја достигне универзалната интелегенција.

Која е соджината на вашиот проект?

Пеев: Пред се се работи за проширување на сознанијата за времето, просторот, светлината како и за микро и макро светот. Врз основа на математички пресметки треба да се направи ревидирање на Ајнштајновите теории:

Објаснувањето на различните резултати од експерименталните мерења на брзината на светлината, разгледување на светлината во координатен систем: “Брзина на време-брзина на простор”, докажување на постоењето и практична примена на новите категории: “пат на време” и “пат на простор”. Потоа треба да се изврши експериментално определување на “константата и Космосот”, со што и практично ќе се  докаже дека Космосот е ограничен. Друга фаза е определување на масата на времето и просторот, определување на параметрите на движењето на Земјата, определување на формулата на Космосот, разгледување на енергетската состојба на Космосот.


 

Какви се состојбите и степенот на сознанијата во светот и кај нас во областа на која припаѓа проектот (програмата)?

Пеев: Во 1676 година данскиот астроном Олаф Рјомер (1644-1710), прв добил резултат за брзината на светлината = 215.000 km/sek. Современтото определување на брзината на светлината по тој метод дава резултат 300 870 km/sek. Со максимална грешка 2700 km/sek. Досега по различни методи за определување на брзината на светлината се добиени разалични резултати. Потребно е да се направат анализи на максималните грешки на различните методи.

Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем: ”Време-простор”. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем: ”Брзина на време-брзина на простор”, бидејќи и таа е брзина, со што се добива поцелосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи ”Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.

Кога бил воведен постоечкиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да стане збор за интегрален смисол за времето, бидејќи диференцијалното и интегрално сметање е воведено од Њутн нешто подоцна. Без интегрален смисол на времето се добива лажна претстава за вселенското време. Мојата теорија треба да ги корегира овие неправилности.

Што мислат научниците за Вашата теорија за Космосот?

Пеев: Добив неколку позитивни рецензии од познатиот д-р Паскал Сотировски од Опсерваторијата “Медон” во Париз, од д-р Трајче Анѓелов од Институтот за Астрономија од Белград, од Академик Татомир Анѓелиќ вработен во институтот за математика од Белград. Негативна рецензија е добиена од нашиот Природно математички факултет, со што забавен е развојот на науката на светско ниво за неколку години затоа што моите истражувања со многу сознанија се потврдуваат како точни. Мојот труд е испратен и до НАСА, Вашингтон – САД, до  Националната академија на науки, Вашингтон – САД, и до Британската Академија од Лондон. Но тие немаат соодветни одделенија за да ги испитаат резултатите.

 


 

Како да се ориентираме во Космосот?

Пеев: Со константна брзина на светлината не може да се зборува за никаква ориентација во Космосот. Со изнаоѓање на променливоста на брзината на светлината изведени се и параметрите на движење на Земјата во Космосот.

Пронаоѓањето на врската помеѓу времето и просторот овозможува да се изведе формулата на Космосот и да се пронајде константата на Космосот, потоа површина на Космосот, волумен на Космосот, волумен на Универзумот, волумен на Небото, волумен на Континиумот, масата на Космосот, средната  густина на масата во Космосот.

Очекувани резултати од истражувањето?!

Пеев: Секако тоа ќе значи соочување на современата наука со вистината на нејзините фундаменти “ВРЕМЕ” и “ПРОСТОР”, со што ќе се добие реална состојба за нови истражувања што ќе ги изменат сегашните теории.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here