Ислам

0
308
Ислам

Неверојатната брзина со која што се ширел исламот на Блискиот Исток и Северна Африка останува една од највчудовидувачките појави  во светската историја. Само во тек на две генерации новата вера освоила поголема територија и поголем број верници отколку што му требало на христијанството да оствари за три столетија. Како било можно една група полуцивилизирани пустински племиња  изненадувачки да провали  на Арабискиот Полуостров и да ја наметне својата верска и политичка власт на место кое било далеку повисоко од нив во однос на богатство и културно наследство. Дека тие имале предност и изненедувачки големи воени вештини и фантастична волја за победа – дека византиската и персиската моќ биле во опаѓање – сето ова било доволно често нагласувано. Овие среќни околности можат да ги објаснат почетните успеси на Арабјаните но не и на трајната природа на нивните освојувања.

Она  што почнало како триумф на силата, се претворило во триумф на духот кога исламот стекнал оддаденост од милиони преобратени. Очигледно новата вера ги задоволувала потребите на голем број народ многу повеќе одколку било која друга религија на хеленизираниот ориент. За многу од своите битни елементи исламот и должи на јудистичко-христијанската традиција. Зборот ислам значи покореност, а муслимани се оние кои се покоруваат на волјата на Алах, еден и семоќен Бог како што е откриено од Мухамед во Коранот(исламска света книга).
Од јудаизмот исламот ја позајмува претставата за еден строго патријархален Бог творец, кој им суди на луѓето, од христијанството – етиката на љубовта кон ближниот, но и од двете – строгиот монотеизам. Спротивно од христијанството, исламот од самиот почеток ја одрекува идејата дека Исус е син Божји, а исто така и Мухамед никогаш не го гледа како божествена творба, затоа што според претставите на исламот не е можно да постои отелотворување на Бог во човечки лик.
Новата религија се потпира на откровенијата на Бога кои архангелот Гаврил му ги разоткрива на пророкот Мухамед. Затоа Коранот, светата книга на исламот, се смета за божествена. Тој содржи рационално изложени природни закони, но и приказни на едно тајно, неискажано учење. Во самиот Коран е напишано многу малку за вистинската суштина на Бога. Затоа што Алах е неискажаното, за кое што треба да се молчи и кого не треба да си го претставуваме со никаков лик. Коранот многу повеќе е документ, полн со упатства и набројани начини за правилно природно-социјално и морално однесување на еден вистински верник.

Исламската религија не познава дуализам меѓу светот на духот и светот на телото. Материјалниот свет не треба да се хули, оти тука е засеана нивата на оној другиот свет. За разлика од подоцнежното христијанство, исламот не  е ориентиран кон злото, туку на прво место ја има љубовта на душата кон Бога или едноставно, кон доброто. Така и Сатаната, во исламот претставен како Иблис, не го олицетворува злото само по себе, туку е ангел кој се спротивставил да му служи на Адам со објаснување дека толку многу го сака Бога што може да му служи само нему, а не и на еден човек. Оттука тој му ја откажал покорноста на Бога бидејќи се спротивставил на неговата заповед да му служи на Адам. Според тоа, исламското гледиште не е насочено пред се да се справи со злото, да го отфрли ѓаволот, туку да го засили и усоврши доброто, љубовта кон Бога.
Пророкот Мухамед, роден околу 569 година во Мека, успева преку генијалното поврзување на религијата и политиката да обедини еден номадски, разделен народ во различни племиња, кој не го задолжува да биде верен на определено племе или водач, туку го повикува да покаже верност кон една еднствена религиозна вера. Така, врз основа на верата изникнува една нација, а верата создава и една цела империја.
Секој  муслиман има пристап до Алах, а она до што треба да се придржува е доста едноставно, а тоа е молитва  во одреден дел од денот (насамо или во џамија) да пружи милостина, пост и аџилак  во Мека. Според Мухамед сите правоверни се браќа, членови на голема заедница. За животот Мухамед бил нивен водач не само во верска смисла туку и во световните работи, така што на потомството му дал вера и ново друштво. Традицијата, верското и политичкото водство да биде во рацете на еден заповедник останала и после смртта на пророкот. Неговите наследници биле  калифи, Мухамедови пратеници, чие што право на власт почивало на поставката дека тие воделе потекло од семејството на пророкот или од неговите први следбеници. Арабиските војници под власт на првите калифи, кои се кренале да ги освојуваат земјите за Алах, не очекувале неверниците да ги претворат во муслимани. Нивната цел била само да владеат и да им наметнат покорност на другите, бидејќи тие себеси  се сметале за слуги на Алах. Тие кои што сакале да го стекнат овој привелигиран статус морале да научат арабиски јазик  за да можат да го читаат Коранот( бидејќи Алах го избрал тој јазик за да им говори со него), а неговите зборови не смееле да се преведуваат на други јазици) и да прифатат друштвени, законски, и политички норми на муслиманската заедница. Последица на тоа е што Арабјаните никогаш не биле во опасност да го апсорбираат влијанието на местото на кое што воспоставиле власт. Напротив тие ги апсорбирале  покорените народи како и нивното културно наследство кое умешно го прилагодувале на потребите на исламот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here