Историја: НЛО над бивша Југославија – прв дел

0
255

ufo-yugoslavija

Како што тврдат НЛО фановите од целиот свет, уште од подоцнежните времиња, Балканскиот простор е интересен за посетителите од вселената. Таткото на модерната уфологија швајцарецот Ерик Вон Даникен во своите дела често наведува фрески од манастирот Студеница каде што над Христовото распетие се гледаат полуѕвездени летала, во кои што има човечки фигури.  Даникен тврди дека авторот ја насликал фреската според неговите сопствени искуства.

Сведочења на пилоти

 Постојат бројни примери од поновата историја кои што укажуваат на честите “контакти” на обичните граѓани со мистериозни летала. Најитересен од тие примери е случката од 1938 година, кога авионската посада на военото воздухоплоство на Кралството Југославија приметила “необична светлина која што ги следела”. Офицерите од тогашната поморска авијација, во ноќните летови, повеќе пати во своите извештаи спомнувале дека ги следи необичен светлечки објект. Во тоа време, пред Втората светска војна, во светот се уште не постоел мит за “летечките чинии”, па нормално сите мислеле дека се во прашање шпиунски летала на нацистичка Германија. Пилотите во тоа време се колнеле дека тие летала не се направени од човечка рака бидејќи нивната брзина и траекторија на движење биле над физичките закони. Претпоставените во Генералштабот на Југославија им препорачале на пилотите да молчат за овие појави.

“Напад” на Белград

 Доајенот на Југословенската астрономија Миливој Јурин исто така пишувал за “неидентификувани летечки објекти” над Југославија. Тој во неговите дела раскажувал за чудни појави над Белград во средината на 1954 година.

 “Беше тоа 1954 година, кога во раните утрински часови над Белград беше приметена чудна светлосна појава, еден вид на огнена топка, која што леташе високо над нас на чистото утринско небо. Бев член на комисијата која што беше оформена да го истражи овој феномен, чија што фотографија наредниот ден се појави на насловната страна во еден од дневните весници” – раскажува Јурин во едно од своите дела.

Комисијата која што го испитувала целиот тој случај убедила многумина Белграѓани дека во нивното око дошло до т.н. “стробоскопски ефект”. На небото според нив, имало испрекинати облаци, кој што во еден момент влегле во една долга континуирана линија и направиле оптичка илузија, па така на набљудувачите од земјата им се чинело како да гледаат “летачка чинија”. Мистериите околу “летечките чинии” над Белград  допонително придонеле за подоцнежни објаснувања кои што се разликувале од извештаите на државната комисија. Според тие, подоцнежни наоди, не биле во прашање облаци, туку низа на метеори кои што со голема брзина согорувале во атмосферата. Со ова мислење не се согласувале голем број на сведоци, па така ова објаснување според нив било наивно, со што целиот овој случај и до ден денеска останал мистерија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here