Како настанува познанито?-(Кант)

0
497

Како настанува познанието? -(Кант)

Имануел Кант (1724 – 1804) е германски филозоф од Прусија и претставува еден од највлијателните европски мислители и последниот голем филозоф на Просветителството. Неговото дело “Критика на чистиот ум” е едно од најпознатите филозофски дела на сите времиња. Во него тој оригинално ја објаснил природата на човековото мислење и дал современа критика на метафизиката. Во “Критика на чистиот ум” Кант не го критикува умот, туку сака да покаже до каде е неговата граница. Чистиот ум значи сознание кое не доаѓа низ осетите туку е независно од секое сетилно искуство, т.е. сознание кое го нема во внатрешната природа и структура на духот. Лок би рекол  “Ништо нема во разумот ако претходно не поминало низ осетите и искуството”. Но Кант смета дека разумот не може да се ограничи само на искуството така да има вистини – знаење и пред искуството (априорна вистина). Значи можеме во сознанието да напредуваме независно од искуството, во априорното сознание. Човековата спознавателна моќ е активен орган кој настојува сетилните впечатоци да ги претвори во мислење. Како?

Нашето размислување на стварноста не доаѓа само од искуството туку и од внатрешната структура на духот или вродените закони на мислењето. Нашиот интелект не е празен лист. Мора да има некои тонски записи. Музиката ја восприемаме, компонираме, отсвируваме, тоа зависи од самиот интелект од нашата ментална способност. Кант наоѓа спој меѓу емпиризмот и разионализмот. Тоа најдобро се гледа во неговиот став дека секое спознание започнува со искуството, но и секое не потекнува од искуството. Според Кант во спознанието на стварноста учествуваат три спознавателни моќи: осет, разум и ум. Секој од овие три елементи во себе содржи априорни форми, чисти форми, интуиции како координатори во средувањето на материјалот. Како априорни форми на осетите се просоторот и времето. Априорни форми (независни од искуството) на разумот се категориите – најопшти форми, а априорни форми на умот се идеите.
Кант се спротистваува на Хјумовиот став дека не постои објективна стварност, тој напротив смета дека светот постои независно од нас (ствар по себе) – таков каков што е. Надворешната стварност ги дразни нашите сетила. Сетилните впечатоци кои доаѓаат однадвор се суров материјал кои хаотично низ разни сетилни канали, низ илјада сензорни нерви, се упатуваат со секавична брзина кон мозокот. Ништо не би спознале ако нема некој ред. Просторот и времето како априорни форми го средуваат сетилниот материјал едно до друго и едно по друго. Без нив сетилните податоци никогаш не би можеле да станат перцепција – свест за предметот.

Вака среден сетилниот материјал се предава на категориите како чиста функција на разумот. Со помош на дванаесет категории (квалитет, квантитет, однос, нужност итн) се класифицира емпириската содржина, средува и перцепцијата преминува во мислење. Така разумот е моќ за правење поими и судови. Поимите без содржина се празни, а прецепцијата без поимот е слепа. Значи сетилните впечатоци се неорганизирани дразби. Перцепциите се организирани сетилни впечатоци, а поимот е организирана перцепција. Науките се потпираат на поимите и тие се организирано сознание. Од тука согледуваме дека сетилата се способни да ги перцепираат предметите, а разумот е способен нив да ги осмисли. Спознанието завршува како свет за нас, ништо во нас не постои како ствар по себе – вели Кант. Постојат нешта кои се независно од нас (свет по себе) – ние ништо не знаеме за нив. Но ако знаеш нешто за него го менуваш на јазикот на твојата спознајна способност и така целиот материјал на спознанието се претвора во свет за нас. Така ни е дадена феноменолошката страна на светот односно светот е даден како појава. Така Кант во теоријата на познанието е субјективен идеалист бидејќи светото по себе е модификација во нашата свест и станува свет за нас.

Бидејќи нашето знаење се сведува на феноменалното, а не на ноуменалното (транцендентниот свет ни е недостапен) тогаш како е можно спознанието на природата, кога не можеме да ја спознаеме суштината на нештата, а сепак во физиката откриваме закони како Архимедов закон, слободно паѓање итн. Дали со ова размислување Кант не и дава на природата избор да постои таква каква што е освен како што ние ја определуваме? Иако природата е недостапна не значи дека не можеме да ги соопштиме нејзините закони по пат на сетилата или разумот. На природата човекот и ги препишува законите, вели Кант. “Умот е законодавец на природата”. Со ова откритие се смета дека Кант извршил Коперников пресврт.
Но, човекот сака понатаму да продолжи да ја надмине границата на разумот, да открие нешто повеќе во она што се крие зад појавата. Тоа го прави со умот како трета спознајна моќ на човекот. За таа цел умот ствара идеи за космосот како целина, за душата како основа на психичките појави за Бог како прва причина. Идејата за светот не води во антиноми (неразрешливи противречности). Идејата за душата се докажува со паралогизми (ненамерни, неправилни докази), а идејата за Бог ја докажува со софизми (намерно неправилни докази). Со оваа немоќ на докажување Кант го доведува до прашањето за постоењето на науката и постоењето на Бог.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here