Kepler-438b е најслична планета на Земјата

0
658

Со анализа на податоците на супер-телескопот “Кеплер”, пронајдени се осум планети со потенцијални услови за живот, а најпогодната е оддалечена на околу 470 светлосни години од Земјата.

Најслична на Земјата е планетата “Kepler-438b”, на која една година трае 35 земјени денови.

“Kepler 438b” е нешто поголема планета од Земјата и научниците претпоставуваат дека нејзината површина е составена од камен.

Исто така сметаат дека постои 70 проценти шанса на површината на оваа планета да има вода.

Научниците од центарот за астрофизика “Harvard-Smithsonian”, го претставиле своето откритие на состанокот на Американската астрономска заедница во градот Сиетл во четвртокот.

Покрај планетата “Kepler-438b”, пронајдени биле уште седум други планети, кои исто така се наоѓаат во хабитационите зони на нивните ѕвезди.

Таа планета е само 12 проценти поголема од Земјата и според пресметките на научниците, постои 70 проценти шанса на неа да има голем број карпи.

“Kepler 438b” добива 40 проценти повеќе топлина од своите земји отколку што Земјата добива до Сонцето.

“Ова е едно од најважните откритија на супер-телескопот “Kepler”, со досега најпогодната планета за живот надвор од Земјата”, наведуваат научниците.

Камената површина и водата се двата најважни фактори за научниците кога ги истражуваат условите за живот на тие планети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here