Куќите во астрологијата

0
70

За многу луѓе, астрологијата е еднаква на фатализмот. Дневните хороскопи во списанијата се само за забава, не можат да ја пре двидат иднината, барем не точно. Исто така, со астрологијата не може да се предвиди иднината. Оваа древна наука е само алатка која ќе ви помогне да разберете и да видите како работат космичките закони на вселената (планетите) и какви енергии ги испраќаат на земјата.
Иако Карл Јунг не беше астролог по професија, но тој сепак ја објасни целта на оваа практика најпрецизно. Тој вели дека со астрологијата можете да ги видите квалитетите на сезоната и годината во која сте родени. Не можете да ја предвидите иднината, бидејќи таа сеуште не е постои.

Но, бидејќи Месечината влијае на атмосферата на Земјата предизвикувајќи плими, астролозите веруваат дека таа влијае и на нашиот, човечки аспект. Тие веруваат дека слични космички енергии испраќаат сите други планети и делови од универзумот. Можеби не можеме да ги почувствуваме бидејќи не се сите физички евидентни, како што е енергијата на сонцето и месечината.

Нацрт и толкување на натална карта

За да разберете подобро како планетите испраќаат енергија на вашата човечка перспектива, мора да имате нацрт на вашата натална карта. Наталната карта е круг поделен 12 пати, делови кои ги претставуваат вашите куќи. “Куќите” се 12 подрачја во вашиот живот. Знакот кој претставува одредена куќа, ги претставува квалитетите што ги поседувате од тој знак, и вашиот став кон подрачјето што го опфаќа таа куќа. Планетата во куќата кажува со каква енергија ги искажувате тие особини, во зависност од енергијата на таа планета.

Куќите во астрологијата

За подобро толкување, табелата е поделена на четири квадранти. Секој квадрант има три куќи, кои не може да бидат сите еднакви по големина, во зависност од видот на техниката што се користи. Побитни куќи се оние каде што има планети, таму кај што поединецот посветува поголемо внимание, каде што се стреми да постигне нешто и каде се случува најголемиот дел од акцијата. Наталната карта го илустрира небото кога поединецот ќе се роди, односно комбинацијата на космички енергии/планети. Освен ако табелата не сугерира поинаку, главните/аголни куќи се најважните области на животот. Со секоја главна куќа е агол на еден од четирите квадранти. По нив следат споредните/сукцесивни куќи, а секој квадрант завршува со кадентна куќа.

Аголни куќи – 1, 4, 7 и 10

Аголните куќи се на самиот почеток на секој квадрант. Тоа е областа каде што лесно преземате акција и започнувате со работа, па дури и ако во овие куќи нема планети, тие се уште се важни за толкување. Тие го прикажуваат нашиот изглед, нашата семејна состојба, нашиот став/стил во партнерства и брак, и нашата кариера, последователно.

Најбитна куќа од аголните, се смета првата, или подзнакот. Првата куќа го покажува соѕвездието кое било на исток во моментот кога сте се родиле. Првата куќа е почеток. Кога ќе запознаете нови луѓе, проектирате особини од подзнакот. Вашиот изглед во голема мера зависи од Вашиот подзнак, а понекогаш, кога овој знак е премногу силен, тој дури може и да го засени знакот. Астролозите велат дека оваа куќа ја претставува вашата личност, но всушност ја покажува личноста што одбравте да покажувате кон други луѓе, вашата непосредна реакција во секојдневни ситуации и вашиот однос кон светот. Знакот во оваа куќа, кажува каква личност во вас гледаат другите луѓе, и каков вид впечатоци оставате. Тука е прикажан вашиот пристап кон животот, вашиот личен стил или индивидуалност. Кога бевте дете, знакот на оваа куќа јасно го претставуваше вашето однесување, вашите одбранбени механизми и вашата врска со непосредната околина. Оваа куќа е прозорецот кон нашите души, нашите потенцијали и цели. Владејачката планета што го претставува подзнакот има многу моќна енергија и влијание врз куќата што е поставена на наталната карта. Таа има посебно значење и се вели дека влијае на остатокот од куќите.

Сукцесивни куќи – 2, 5, 8 и 11

Сукцесивните куќи се куќите каде што го завршувате она што сте го започнале во првите куќи.
Втората куќа е куќата на сопственост, вредности, стандарди и принципи. Ако оваа куќа е мала, без никакви важни планети и аспекти, може да се каже дека личноста не е загрижена за земните задоволства. Знакот во оваа куќа може да покаже како лицето заработува, дали ги цени материјалните придобивки и како управува со парите. Главниот амбиент во оваа куќа се нашите вредности, начинот на којшто се цениме себеси и она што го имаме.

Ако четвртата куќа е куќа на семејството, петтата куќа е куќата на децата. Со неа не може да се открие вистинскиот број на потомци што поединецот може да ги има, но може да ја проверите неговата поврзаност со децата. Исто така и поврзаноста со детето во себе. Сите форми на самоизразување може да се најдат во оваа куќа, вклучувајќи омилени хобија, таленти. Исто така го покажува и ставот што го имате кон забавата и игрите воопшто. Сликари, музичари и сите други уметници, имаат силна поставеност во 5-та куќа.

Во 7та куќа се гледа вашиот однос кон партнерства и врски, додека во 8та, вашиот став кон туѓите ставови, вредности, и пари. Овде можеме да видиме колку сме спремни да делиме со другите луѓе, но и како се однесуваме со тоа што ни е дадено. Тоа е куќата на смртта или трансформацијата. Во оваа куќа на поединецот му се случуваат падови и подеми, загуби и добивки, доколку е динамична со аспекти и влијанија.
Десеттата куќа е куќата која го покажува вашиот социјален статус. Симболично, се наоѓа на врвот на тркалото, означувајќи ги вашите цели, достигнувања и судбина. Обично, сите познати луѓе имаат 10та куќа со аспекти.

Кадентни куќи – 3, 6, 9 и 12

Значи, ако првите куќи се куќи за акција, а во вторите куќи го завршуваме она што го започнавме, третите, кадентни куќи покажуваат како размислуваме, и дали мислиме пред, по и за време на нашите дејства. Ова се куќите на умот. Тие ги покажуваат нашите интелектуални способности и капацитети за резонирање.

За крај

Како што можете да видите, секоја куќа претставува различна област во вашиот живот. Во картата не постојат поважни и помалку важни куќи, но може да има област каде што го оставате поголемиот дел од вашето внимание и енергија. Куќите нема да ви кажат многу за вашите животни настани, освен ако не ја испитате целата натална карта. Тоа е само табела која ги посочува вашите таленти, вашите допаѓања и ставови, кои секогаш можат да се променат или да се развијат. Вашата карта може да биде само основа на кој ќе се гради вашето постоење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here