Легендата за Озирис

0
1114
izida-oziris-horus-mystodonia

Легендата за Озирис

izida-oziris-horus-mystodoniaОзирис бил најстариот син на Ну божицата на небото, и Геба богот на Земјата. Овој прв крал на Египет според легендата бил добар владител, се до денот кога го погодила несреќа.

Што му се случило?
Сет бил љубоморен на својот брат Озирис. За време на еден празник ги поканил гостите да влезат во еден ковчег. Озирис влегол во него и капакот во истиот час се затворил над него. Тој западнал во Сетовата замка. Сет го фрлил ковчегот во Нил и го зазел тронот на Озирис. Изида, жената на Озирис го пронашла лешот на својот маж и го сокрила. Но Сет повторно успеал да дојде до него. Овој пат тој тој го исекол на четириесет парчиња кој што истите ги расфрлил по Нил.

Како оживел Озирис?
Изида била волшебничка, па после долга потрага ги пронашла парчињата и ги споила. Со помош на богот Анубис балсамер, таа го вратила во живот Озирис кој што постанал бог на мртвите. Изида никогаш не успеала да го врати својот маж на Земјата.

Дали Озирис е осветен?
Неговиот син Хорус, богот со сокол на главата, го предивикал Сет на миросрден двобој. Како победник тој успеал да го врати кралството на својот татко.
Изида и Озирис се многу важни богови за Еѓипќаните. Изида ги раѓа сите живи суштества и таа е мајка, а додека пак Озирис е бог на мртвите кој што ги дочекува мртвите на другиот свет. Хорус од друга страна е нивни син. Анубис е бог балсамер и тој го повратил Озирис во живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here