Лилит

0
234

Лилит

Митолошко толкување: Лилит – Црна Месечина, најстарата жена или по некои легенди првата Адамова жена, постара и од Ева. Мадона е жена што станала модерна божица, Ева е грешница, а Лилит? Лилит е “грев сам по себе”, под услов да се плашиме од својата совест (сопствената природа). Лилит симболизира мрак, темнина, прапочеток, страст, разорна, сексуална и уривачка сила – деструктивен нагон.

 

Психолошко толкување: Од аспект на чиста моралност, таа би требало да биде исклучена од општествената средина, но, за среќа, тоа е невозможно (теоретски и практично). Лилит и нејзината сила може да се преобразат, но само ако претходно се запознаат, прифатат и афирмираат. Значи Лилит станува “грев”, ако одбиеме да се сознаеме и да се прифатиме себеси без никакви предрасуди – секој има своја “темна страна на личноста…” Оспорувана или потискувана, оваа енергија станува деструктивна и урувачка, доведува до фрустрации, потискување на сексуалните потреби, комплекс на инфериорност, хистерија и општа емоционално-сексуална незрелост. Меѓутоа, ако правилно ја афирмираме енергијата, се преобразуваме во личност со креативна сила, лична независност и харизма. Лилит е енергија во човекот што одбива да им робува на моралните предрасуди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here