Мачките во Антички Египет

0
66

Во антички Египет, мачките биле мумифицирани и погребани со накит, а повредувањето на мачка било прекршок што може да се казни со смрт.

Староегипетската религија била многу комплексен систем на политеистички верувања, кои вклучуваат елаборатна митологија и голем број божества. Многу од божествата често биле претставени како животни: погребниот бог Анубис бил прикажан како чакал; Хатор, божицата на плодноста, честопати била прикажана како крава; и Хорус, богот на небото и кралството и едно од најзначајните антички египетски божества, обично бил прикажан како украсен сокол. Значењето на животните се проширува надвор од границите на претставувањето на боговите; тие биле составен дел на египетската култура и општество.

Статуа на црна Египетска мачка

Мачките биле особено фаворизирани од античките Египќани. Тие се сметале за свети како олицетворение на божицата Бастет, која преставувала заштитничка на мајчинството и плодноста. Домашните мачки биле вообичаени во домаќинствата низ кралството: благородниците ги сметале за симболи на богатство, статус и благодат, а обичните луѓе ја фалеле нивната способност да убиваат отровни змии и да ги одвратат штетниците од амбарите. Повредувањето на мачка се сметало за сериозен прекршок и се казнувало со смрт.

Голем број древни египетски мачки биле мумифицирани и погребани заедно со разен накит, и многу мумифицирани мачки биле изложени на различни светилишта низ целата земја. Сепак, некои безмилосни и лукавствени претприемачи од древниот Египет го искористиле фактот дека мачките се сметаа за свети. Тие одгледувале мачки само за да ги убијат кога ќе дојдат до зрелост, а тоа го правеле за да ги мумифицираат мачките и да ги продадат на свештениците, аџиите и сите други кои сакаат да го украсат своето лично светилиште со вистинско мумифицирано животно.

Статуи на Египетски мачки

За таквото сурово претприемништво, е и приказната за најголемата масовна гробница на мумифицирани мачки некогаш пронајдени. Во 1888 година, еден земјоделец копал бунар во пустината надвор од градот Бени Хасан, неколку стотици милји од главниот град на Каиро, Египет. Во тоа време, областа околу Бени Хасан веќе била позната по неколку гробови на благородници од древниот Египет, вклучувајќи го и гробот на Аменом, кој бил главен свештеник за време на владеењето на фараонот Сенусрет I во 20-тиот век пред новата ера. Сепак, земјоделецот не очекувал дека неговото копање ќе открие скриена подземна гробница која содржи дури 80.000 мумифицирани мачки.

Откритието на фармерот наскоро привлекло голем број на локални жители кои ја преплавиле локацијата во потрага по скапоцености. Тие не пронашле ништо освен машки саркофаг со големина на мачка и некој накит. Овие мумии од мачки во тоа време биле сметани за безвредни, повеќето од нив биле продавани со хипокрита цена. Некои биле продавани на луѓе низ Египет, кои ги чувале како сувенири, а голем број од нив биле продавани и на локалното население, кој наводно, ги употребувале за производство на ѓубриво и бои.

Дури девет тони на остатоци од мумифицирани мачки биле транспортирани во Ливерпул, каде што биле продадени на две аукции организирани од страна на аукциската куќа Gordon and Co. За време на втората аукција, аукционерот, наводно, користел мачка череп како аукциски чекан. Голем број на членови од британската висока класа ја почитувале огромната вредност на древно египетското културно наследство, па поради тоа голем број од мумиите биле купени од страна на египтолози, собирачи на антиквитети и претставници на разни музеи. Еден тон антички остатоци од мачки можеле да се купат по цена од 2000 долари.

Рентген анализите на голем број на мумифицирани мачки, покажале дека мачките умреле на возраст од една година и намерно биле убивани со удар во главата.

Поврзана статија: Боженствените мачки во Египет

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here