Метафизика

0
333

Метафизика

Надвор од нашиот материјален свет, надвор од нашите вообичаени правила ограничувања и претпоставки кои ги донесуваме постои поголем спиритуален реалитет кој влијае низ многу поголеми принципи кои можат да ни овозможат да отидеме чекор напред , да излеземе од ограниченоста , глупоста, расправиите и ропството на умот. Знаењето кое што е ограничено само на физичкиот свет и поврзано само со маните и недостатоците на нашите пет сетила не е доволно за да се постигне ослободување на умот. Метафизиката е наука (дел од философијата) која што се занимава со објаснувањето на природата и потеклото на овој свет. Метафизиката претставува идеалистичка философија за прапочетоците на постоењето за  суштината на светот за предметите што се непристапни за сетилното искуство. Таа ги набљудува работите поединечно изолирано во состојба на мир и неподвижност. Метафизиката е наука за поголемо знаење за подлабоките вистини на животот. 

Ние можеме да ги препознаеме тие виши вистини  за животот и да се прилагодиме на нив само ако го издигнеме нашето битие над старите начини на однесување и да се споиме со новите кои даваат прекрасни можности и погледи кон надворешниот свет. Се е свест, и целата свест има еден единствен  извор , извор кој што претставува ултимативен центар…иницијатор на сите случувања оној кој што одлучува. Свеста е сонувачот (Kреаторот) сништата (индивидуализираната свест) и подрачјето на сонот (материја, енергија, простор и време). Нема разлика помеѓу реалноста и сонот, само што реалноста како таква вклучува масовна свест која ги држи правилата на реалитетот сирови…а во сонот обично само потсвеста така дејствува. Креацијата е бесконечна  направена од соединување на неограниченото суштество (Креаторот) и неговиот израз како бесконечна варијација на конечните суштества. Кажано со други зборови креаторот е бесконечно суштество кое ги изразува своите бесконечни потенцијали низ бесконечен број конечни авении. Како што мислата прави подлога на објектот во сонот така и формата на мислата ја чини основата на материјата во слабеењето на реалитетот. Конечната свест може да биде класифицирана во скала на една октава за поделеност на свеста. Таа октава се издига природно бидејки свеста е вибрација, а вибрацијата се случува помеѓу две почетни точки (како материја) и помеѓу две завршни точки (како соединување со Креаторот) и така прави една скала. Таа скала се состои од осум ноти (до, ре, ми, фа, сол, ла, си, до). Првата нота ја претставува заспаната свест, а последната нота ја претставува активната свест, и погледенете…тие две имаат исто име, укажува на тоа дека заспаната и активната свест се само два одрази на иста бесконечна свест. Просторот помеѓу овие две ноти на оваа еволуциска скала се нарекува дензитет и така имаме вкупно седум дензитети од кои секој од овие седум опфаќа посебна класа на свесен развој. Повисоките дензитети имаат поголеми вибрации на свеста и како такви се повеќе развиени.


Лична и духовна еволуција

Кога се инкарнираме во физичко тело ја искусуваме мистичноста на светот…забораваме кои сме всушност ние. Тогаш  биолошките импулси и општествената околина ни наметнуваат лажен идентитет кој е во тотална противречност со нашата вистинска спиритуална природа. Поголемиот дел од масата го носи тој лажен идентитет целиот свој живот и не успева да ја препознае и да ја исполни својата права мисија за инкарнација. Меѓутоа за останатите, интуицијата и искуството помагаат да сфатат дека има нешто повеќе во животот од самото прифаќање на материјалниот свет- матрицата. Низ текот на самиот живот индивидуалецот искусува повеќе импулси кои го водат кон јасност во неговите соништа а истовремено и низ сонот најчесто доаѓаат низ јасно гледање на работите. За оној кој што константно ги слуша тие виши импулси внатрешниот и надворешниот свет му се трансформира и почнува да функционира  по духовните правила наместо по материјалните и тогаш исчезнуваат  ограничувањата на материјалниот свет и се отвараат нови и прекрасни можности. Има една мисла која важи за денешната состојба на свест на масата од народ на земјата. Тоа е онаа добра изрека – Мајмунот го прави она што го гледа од  другиот мајмун!!! Колку е оваа изрека точна вие сами си знаете…меѓутоа ова говори дека повеќето луѓе размислуваат и работат за она што е видливо за нив така што многу невидливи работи нив и не ги интересираат ниту пак се свесни за тоа што се имаат околу себе, а не пак да се занимаваат со овие работи и да мислат!!! За многумина од нив важи следново- Што не гледам…тоа не постои!!! Луѓето ги гледаат работите онакви какви што ги гледаат преку своите очи и како што тие се согласуваат преку нивните сфаќања и размислувања (ограничености).

Интелегенција

Ние приметивме дека вашето сфаќање за интелегенција и нашето сфаќање за неа воопшто немаат ништо заедничко едно со друго. На пример Вие се нарекувате самите себеси интелегентни…еден вид интелегентен вид на народ, а во меѓувреме се доведовте самите себеси до точката после која вашата планета ке биде населлива само за асфалтот!! Вие исто така успеавте да се доведете самите себе до врвот на загрозени видови. Ние исто така неможевме а да не приметиме дека вие се нарекувате и Мудри!!!..особено кога говорите за разни манупулации во однос на бизнисот односно кога склопувате одредени договори кои се неповолни за другата страна..( но дали е тоа битно воопшто). Вие исто така ја сметате за паметна личноста која успеала да продаде за големи пари половен автомобил на кој што му фали моторот и кочниците. Вашата влада, корпорациите, вашите моќници вршат злосторства од кои се врти во главата, во име на активизацијата на материјалните добра, а сета ваша трговина е базирана на еден голем духовен скандал.!!!

Иако овие акти технички се сметаат како прекршоци и кривични дела од страна на вашиот законодавен систем..Вие …Да!! Вие !!! На ова гледате како проблем само тогаш кога не сте имале долволно среќа и ве фатиле. Во сите други случаи овие акти се сметаат  само за добри деловни профитирања…кои притоа се добри дела на големи  умови!! Од овие очигледни причини ние сме стварно збунети од вашиот концепт на интелегенција!!!

М. Д. Оцевска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here