Мистериозната сила на пирамидите

0
244
mysterioznite-sili-na-piramidite-mystodonia

Мистериозната сила на пирамидите

mysterioznite-sili-na-piramidite-mystodonia

Веќе долго време се тврди дека пирамидите имаат необјаснива таинствена моќ. Имало обиди да се докаже дека тие, всушност, се магнет за космичките зраци или електрани на статичниот електрицитет. Постојат многу приказни за посетители на пирамидите кои подоцна биле во состојба да ја предвидат својата сопствена судбина. Туристите понекогаш се вкочануваат или се онесвестуваат.

Наполеон ги посетил кралските соби во Големата пирамида на 12 август 1799 година. По извесно време го замолил водачот да го остави сам. Кога најпосле заминал од пирамидата, Наполеон, освојувачот на Европа, бил блед и потресен. Кога го прашале што се случило, грубо одговорил: „Воопшто не сакам да зборувам за тоа“. Подоцна признал дека при престојот во Големата пирамида јасно ја видел сопствената иднина. Непосредно пред смртта на Света Елена се чинело дека сепак ќе му ја открие тајната на својот придружник. Рекол: „Не. Што вреди. Никогаш не би ми поверувал“.

Најчудните работи во врска со силата на пирамидите ги доживеале луѓето без образование, кои никогаш не биле во Египет. Тоа се оние кои имале доста успех користејќи картонски, метални или пластични модели направени прецизно спорд моделот на Големата пирамида. Таквите модели, според кажувањето на голем број луѓе, биле во состојба долго време да го одржат жилетот остар, храната свежа, да го засилат чувството на спокојство и задоволство, па дури и да помогнат во управувањето во судбината.

Французинот по име Бовис во педесеттите години на деветнаесеттиот век ја посетил Големата пирамида. Внатре, меѓу вообичаените отпадоци што остануваат по туристите, го пронашол трупот на една мачка. Телото било извонредно зачувано. По враќањето дома, Бовис експериментирал со модели на пирамиди што биле правени со сразмер со Големата пирамида и открил дека сите тие овозможуваат месото да остане долго време свежо.


Стотина години подоцна, чешкиот инженер Карел Дрбал читал за експериментите на Бовис. Зад Железната завеса имало недостиг од жилети и Дрбал се прашувал дали пирамидите ја пренесуваат енергијата врз металите. Направил свој модел на пирамида и заклучил дека тапите жилети што ги сместил внатре брзо ја враќале својата некогашна острина. Кога отишол во заводотот за патенти во Прага во 1959 година, не му поверувале. Но кога група научници ги проверила неговите тврдења, на Дрбал му бил признаен патентот со број 91.304.

Никој не бил во состојба да го објасни тоа. Според некои приказни од Првата светска војна, жилетите што биле изложени на месечина, бргу се истапувале. Острицата на жилетот е направена од ситни кристали. Ако енергијата акумулирана во зраците на месечината е во состојба да го истапи жилетот, дали може енергијата акумулирана во пирамидите да го наостри?

Постојат одредени правила кон кои треба да се придржуваме за да можат пирамидите да дејствуваат. Односот меѓу основата и страните мора да биде во сразмер 15,7 спрема 14,94, а страните мора да се поклопуваат со четирите ознаки на компасот. Жилетот мора да се постави на височина од 3,33 единици, а неговите острици мора да бидат свртени кон исток и кон запад.

Никој не може да ја објасни таинствената моќ на пирамидите, но илјадници луѓе ширум светот упорно тврдат дека таа апсолутно дејствува.

Неговите проучувања откриле дека височината на пирамидата има ист однос спрема периферијата како што има радиусот на кругот спрема својот обем. Ова покажувало дека старите Египќани знаеле за вредноста пи, непроценливиот математички принцип за кој се верувало дека е откриен дури дури 3.500 години подоцна. Неговото откривање го потврдил брилијантниот математичар Чарлс Пјаци Смит кој станал управник на Кралската опсерваторија во Шкотска.

Набргу следувале и други теории. Некои биле вдахновени, некои ексцентрични, некои религиозни и длабоко мистични, а други практични и научни. Според една, Големата пирамида била изградена како голем часовник. Францускиот физичар Жан Батист Био во 1853 година заклучил дека широките, рамни плочници што ја поврзуваат северната и јужната страна се градирани според должината на сенката. Зиме пирамидата фрлала сенка на северниот плочник, а лете измазнетата карстна површина ги рефлектирала сончевите зраци на јужната страна. На тој начин можеле да се одредуваат времето во текот на денот и деновите во текот на годината. Дејвид Дејвидсон, англиски градежен инженер од Лидс, и неговиот соработник од Јоркшир, Мозес Б. Котсворт, ја следеле идејата на Био тврдејќи дека е точна и дека Египќаните можеле да ја мерат должината на годината до третата децимала.


Според друга теорија, Големата пирамида, всушност, е огромна опсерваторија. Британскиот астроном од 19-иот век Ричард Проктор укажал дека преминот што бил познат како Надолен ходник бил прецизно израмнет со ѕвездата Северница. Проктор нагласувал дека разните длабнатини и засеци што биле откриени во Големата галерија на Големата пирамида, можеле да служат како подвижни платформи за набљудувачите кои со помош на инструменти го проучувале движењето на ѕвездите низ влезниот отвор на Големата галерија.

Членовите на Институтот за пирамидологија во Лондон веруваат дека Големата пирамида е вистинско пророштво за иднината на човештвото. Тие тврделе дека, со помош на комплициран систем на мерења и пресметувања, може да се докаже дека Големата пирамида ги предвидела излегувањето на Евреите од Египет, распнувањето на Христос, избувнувањето на Првата светска војна – која, велат, била почеток на рушењето на стариот поредок, како што го претскажувале Данило и Исус – и почеток на милениумот во есента 1979 година. Тоа, вели таа група, ќе го означи почетокот на илјадагодишното владеење на Христос на земјата што ќе заврши со крвав судир меѓу народите и со Судниот ден во 2979 година.

Книжевникот Питер Томкпинс, кој направил исцрпна студија за мистеријата од Гиза, во 1971 година напишал книга во која се обидувал да ја реши загатката на Големата пирамида. Томпкинс тврдел дека египетските свештеници му ветиле на кралот Кеопс монументална гробница. Кога кралот ја одобрил и ја финансирал изградбата, тие не конструирале гробница туку споменик на своите научни достигнувања. Кога умрел, измамениот Куфу воопшто не бил погребан во неа.

Заедно со д-р Ливиј Стрекини, професор по античка историја на колеџот „Вилијам Патерсон“ во Њу Џерси, Томпкинс ги проучувал научните достигнувања на градителите на пирамидата и дошол до следниве заклучоци:

• Големата пирамида била грижливо лоциран ориентир што го изградиле географите на древниот свет.
• Служела како опсерваторија од која со задоволителна точност биле цртани карти на ѕвездите.
• Нејзините страни и агли им биле основа на сите древни картографи.
• Нејзината структура ја подразбирала и вредноста на пи.
• Таа би можела да биде практична библиотека на древните системи на тежини и мери.
• Градителите ги знаеле прецизно вредностите на обемот на земјата, должината на годината, вклучувајќи го и нејзиниот „остаток“ од 0,2422 дела на ден. Тие, исто така, можеле да ги знаат и должината на Земјината орбита околу сонцето, специфичната густина на Земјата, 26.000-годишниот циклус на рамноденицата, забрзувањето на гравитацијата и брзината на светлината.

Дали древните Египќани, 3.000 години пред раѓањето на Христос, можеле да го знаат сево ова? Ако го знаеле, како ги постигнале сите знаења и зошто тие со векови биле заборавени?

На секој што ќе ја види Големата пирамида му е јасно дека ја изградила некоја напредна цивилизација. Дали таа цивилизација поседувала знаење и моќ за кои денес можеме само да претпоставуваме?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here