Митот за Дедо Мраз

0
912

Постојат многу легенди за тоа како е создаден митот за Дедо Мраз.Едната претпоставка е дека тој е верзија на холандскиот Синтерклас, а во различни култури се одомаќинил како Санта Клаус, Сеинт Николас, Крис Крингл, Свети Никола.

Дедо Мраз се опишува како дебелкаст, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станува популарна во 19-иот век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и фестивалите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во 19-иот и 20-иот век, влијаело на модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.

Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20-иот век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадниковата ноќ. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.

Според новите приказни Дедо Мраз живее во Лапонија со својата жена Баба Мразица. Цела година, заедно со џуџињата (елфови) прави подароци што им ги дели на добрите деца за Нова година и на Божиќ. Децата, пак, секоја година му пишуваат писма, во кои му кажуваат што би сакале да добијат за подарок, па така тој прецизно знае што да му донесе на секое дете.

Во целиот свет е познато дека Дедо Мраз се вози со своите летачки санки, во кои се впрегнати 8 ирваси, и секој има посебно име, а најпознат е Рудолф, кој благодарение на својот црвен, светлечки нос на Дедо Мраз му го осветлува патот. Дедо Мраз обично чека сите да заспијат, а потоа влегува низ оџакот и на децата им спушта подароци во чорапите, чизмите или ги остава под накитената елка во дневната соба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here