Можна фотомонтажа на сликата на Бин Ладен

0
165

Можна фотомонтажа на сликата на Бин Ладен?

Веста за смртта на Осама бин Ладен го преплави целиот свет. Но, дали ова на фотографијата е навистина тој? Споредивме две фотографии, оние кои ги прикажа пакистанската телевизија и за кои AFP навести дека очигледно се работи за монтажа.

Очите се главниот центар на лицето по коишто луѓето можат да се распознаат и преку нив веднаш може визуелно да се идентификува личноста. Во овој случај, како што тврдат експертите, очите на дотичната монтажа се ретуширани. Брадата на фотографијата директно е копирана од архивските снимки на Осама бин Ладен, што укажува на голема веројатност дека станува збор за монтирана фотографија која во моментов е емитувана низ целиот свет.

Дури и тонот, контрастот и осветлувањето од оригиналната слика не се совпаѓа со монтажата. Мислењето на експертите и аматерите во ретуширање е дека ова е слика на убиена и масакрирана личност која не е Осама Бин Ладен, но на истата оваа слика е намонтирана брадата на Бин Ладен.

Таквите монтажи е многу лесно да се направат во Photoshop, велат експертите. Исто така и на YouTube се закачени снимки како наводно е создадена фотомонтажата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here