Најпознатите секти и култови (прв дел)

0
717

Најпознатите секти и култови (прв дел)

Фанатичните религиозни групи, кои обично дејствуваат во тајност, побудуваат големо интересирање кај јавноста, но најчесто анализирањето  на нивната работа не се извршува темелно, туку сензационалистички. А, значајно е да се напомене дека секоја од денешните големи религии на почетокот изгледала како секта. Во првиот период од основањето, тоа била мала група луѓе, посветена на некое учење и со идеја тоа учење да допре до што поголем број други луѓе. Треба да се има во предвид дека секој обид за ревидирање на некој став речиси секогаш доведувал до одвојување на делови од групата и создавање нови, што старата група го означувала како секташтво.
Сигурно денес би имале само една светска религија да не биле оние кои со нешто не се согласувале. Низ својата двомилениумска историја, христијанството доживеало многу расколи. Првиот голем таков случај бил на релацијата исток-запад, кога се родиле православната и католичката црква. Подоцна од католичката се одвоиле уште некои, па настанал протестанизмот, кој пак, се разгранил во повеќе правци.

Прахристијанските верски заедници почнале да цветаат на тлото на САД во 19 век. Правото дадено во Новиот свет, секој да проповеда што сака, многумина темелно го искористиле. Сите ја имале истата Библија, но ја читале и толкувале како сакале, на различни начини.
1. Мормони
Колонистите, кои се населиле и ја основале државате Јута, имале сопствена верзија на христијанството. Тие се основачи на Црква на Исус Христос – Светецот на последниот ден. Членовите на оваа црква попознати се како „мормони“. Тие веруваат, дека Бог, покрај Библијата и 10те Божји заповеди, им оставил на луѓето уште неколку инструкции. „Книгата на мормоните“ ја раширил Џозеф Смит, на кого анѓелот-пророк Морони, му покажал каде да ја најде. Својата ветена земја Мормоните ја нашле на бреговите на Соленото езеро, во пустинскиот дел на САД и таму го градат својот свет, верувајќи дека рајот е можно да се оствари и на Земјата и дека се наоѓа на територијата на САД. Порано практикувале полигамија (некои имале и по десетина сопруги), но тоа е напуштено затоа што полигамијата е забранета со закон. Сепак, во зафрлените делови на Јута постојат фундаменталисти, кои и натаму водат таков начин на живот, изолирани од заедницата. Мормони има секаде по светот, а ќе ги препознаете по тоа што со задоволство ќе ви ја подарат „Книгата на мормоните“ и ќе иницираат разговор за Бог, верата и други слични работи.

2. Јеховини сведоци
Јеховините сведоци исто така постојат во целиот свет. Тие се една од најраширените помали парахристијански групи. Ги има скоро во секоја држава и се проценува дека ги има околу 6 милиони. Во некои држави делуваат илегално. Нивната мисија е да „сведочат за добрата намера на Бог“, односно да сведочат за Јехова, што според нив е личното име на Бог. Тие не веруваат во рај и пекол туку сметаат дека Бог, преку Исус ќе се врати на Земјата и од неа ќе направи рај. Сите кои му се покоруваат на Бога и ги исполнувале неговите барања ќе воскреснат и со телото и со душата и повторно ќе се вратат на овоземскиот живот. Исто така, и сите животни ќе живеат во хармонија со луѓето и со другите животни кои моментално ги користат за храна. Јеховините сведоци постојат  за да ги пренесуваат ваквите пораки. Не му се поклонуваат на крстот, бидејќи сметаат дека Христос умрел на нешто што повеќе личело на столб. Не слават родендени и други „земски празници“ а што се однесува до роденденот на Исус, според нив тој се паѓа некаде околу 1 октомври, а не на 7 јануари, односно 24 декември.
Оваа религиозна група ја основал Чарлс Тејз Расел во 1879 година, а нејзиниот светски центар се наоѓа во Пенсилванија, САД. Следбениците издаваат две главни публикации: „Стражарска кула“ и „Разбудете се“ како и уште илјадници книги и брошури, кои ги делат бесплатно на улица или одејќи „од врата на врата“. Противници се на било каква агресија и заради тоа се лесна мета на насилните фундаменталисти од другите религиозни групи. Биле жртви на систематско истребување за време на нацизмот. Најконтроверзно е нивното одбивање на трансфузија на крв, макар и по цена на животот. Како и кај повеќето христијанските заедници, сексот е и за нив  ужасен грев и треба да служи само за размножување.
3. Пентакосталци
Денешната Христова Пентакостална Црква, каква што дејствува во сите краеви на светот, некогаш изгледала многу поинаку. Пентакосталците, својата апсолутна посветеност кон Бога порано ја искажувале под големи патувачки шатори, кои повремено оделе во оддалечените села на американската провинција. Еден од пречесните, „од Бога избран“ проповедник ги собирал верниците и со песна и танц ги фрлал во религиозен транс. Тогаш секој верник  добивал во рацете змија отровница, најчестоо звечарка. Доколку навистина веруваш во силата на Бога, змијата нема да те касне, а доколку те касне, Бог нема да дозволи да умреш. Ако, пак сепак починеш (за што веројатноста е мнооогу голема), ќе се најдеш во Божјите раце. Денес, змии во раце земаат само најголемите пентакостални фанатици, кои се имаат издвоено од остатокот од црквата. Останатите се свртени кон музиката, па од нивните храмови може да се слушнат и поп-песни.
Понекогаш од американските телевизии може да видиме некој „семоќен“ свештеник кој  ќе повикува некој присутен од публиката и ќе го излекува од сите маки и болести, само допирајќи го со дланка на челото. Оваа појава не е врзана ексклузивно за пентакосталците. Американските ТВ проповедници денес не се врзуваат зсамо за една црква, туку основаат свои. Таканаречените ТВ евангелисти имаат огромен број на следбеници во САД, кои редовно ја отвораат пред нив својата душа, но и паричникот. Тоа е добро организирана и режирана индустрија на религиозна забава во која гледачите испраќаат пари во замена за вечен живот. Најголемите ТВ-евангелисти имаат сопствени студија и телевизиски канали на кои 24 часа дневно продаваат спасение. Станува збор за сериозна стопанска гранка, бидејќи постојат можности за енормни профити, особено поради фактот дека во САД религијата не се оданочува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here