Најпознатите секти и култови (втор дел)

0
439
Најпознатите секти и култови (втор дел)

Низ историjата на христијанството многумина се прогласувани како слуги на ѓаволот и поради тоа поминувале прилично лошо. Веројатно затоа, ретко кој за себе зборувал дека работи за ѓаволот и за неговата слава. Искрената појава на сатанистичката религија, човештвото ја дочека дури на 30 април 1966 година, кога Антон Шандор Лавеј во Сан Франциско ја основа „The Church Of Satan “. Затоа, ако си верник на Сатанистичката црква тогаш оваа 2010 година не е за тебе, туку 44 година, и тоа „ѓаволска“. Главен празник на сатанистите е Валпургиската ноќ, вештерскиот сабат, кој е воедно и роденден на оваа црква.

Се добива впечаток дека главната причина за постоењето на оваа црква е да му контрира на христијанството, а особено на Католичката црква. Сите главни заповеди и принципи, но и облиците на службата изгледаат како пародија на христијанските. Лавеј никогаш не тврдел дека црквата ја основал инспириран од некоја натприродна визија. Сатанистичката црква е производ на неговата животна филозофија, чија суштина лежи во пораката дека човекот треба да го прави тоа што го сака и дека не треба да се воздржува од задоволствата и од своите животински нагони. Симболот CS е нешто што Лавеј го нарекол „Печатот на Бафомет“ и станува збор за глава од коза во пентаграм свртен наопаку, околу чии краци е напишан хебрејскиот збор „левитијан“, што е едно од имињата на ѓаволот. Во шеесетите години било модерно да се биде чуден и откачен, па Сатанистичката црква бргу добивала голем публицитет, а чудаци од сите страни побрзале да станат следбеници. Во првите 15 години од своето постоење на оваа црква скоро и не се симнувала од насловните страни на таблоидите и магазините, а работата на оваа група инспирирало многу филмски творци. Филмовите како „Розмариното бебе“ и некои други на тема сатанистички култови се директно инспирирани од Лавеј и од неговото проповдање.
Инаку, принципите на својата религија, Лавеј ги издал во својата „Сатанистичка Библија“ и во нејзините додатоци „Сатанистичка Вештерка“ и „Сатанистички Ритуали“. Кога малку ќе се ѕирне во тие книги, пред се паѓа во очи негацијата на христијанството, фасцинацијата со хоророт , откачениот авантуризам и неконтролираниот хедонизам. Главниот облик на верската служба во Сатанистичката црква е Црната миса, при која над телото на гола жена се чита сатанистичкиот Оче наш (“Оче наш, кој си во пеколот…“), црвеното вино се заменува со урина, а сето тоа е придружено со скандирање „Аве Сатана“.
Лавеј почина во 1997 година, но црквата работи и денес. Неговата куќа во Сан Франциско која со години била центар на CS урната е пред 9 години, па раководството на сатанистите се пресели во Њујорк. Во текот на годините, од Сатанистичката црква се издвоија многу подсекти и сите тврдат дека се тие единствените вистински следбеници на Сатаната. Иако во текот на годините често беа во фокусот на јавноста поради својата бизарност, сатанистите ја негираа својата поврзаност со ритуалните убиства и самоубиства и тврдат дека според нивното верување „претставува грев да се одземе живот, кој ни е даден за уживање, кое ни го овозможува сатаната“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here