Науката на древните цивилизации (Најголемите светски мистерии)

0
469
drevni-civilizacii-mystodonia

Науката на древните цивилизации (Најголемите светски мистерии)

drevni-civilizacii-mystodonia

Дали историјата на човештвото е трнлив, но постојан напредок од дивјаштвото кон цивилизацијата? Или, колку и да изгледа неверојатно, ние денес одново ги откриваме чудата што нашите предци ги познавале илјадници години пред раѓањето на Христос?
Во Кина е пронајдена тока за колан што била изработена од висококвалитетен алуминиум, метал за кој се верувало дека прв пат бил откриен во 1803 година и дека не бил рафиниран во чист облик во следните 50 години. Стручњаците ја испитале токата и изјавиле дека е стара близу 1.700 години.
Египќаните и Палестинците пред 5.000 години поседувале орудија и други предмети изработени од бронза што била толку тврда што е тајна и за денешната технологија.

Приборите, алатите и украсите од Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, стари илјадници години, покажуваат дека вештината и прецизноста во нивната изработка се такви што и денес би барале прецизни машини, а понекогаш и исклучително високи температури за топење.

Древната Хебрејска легенда зборува за вжарениот накит што Ное го закачил на Арка за да обезбеди постојан извор на светлина, а сличен предмет се споменува и во палатата на кралот Соломон 1.000 години пред новата ера. Други легенди од Средниот Исток зборуваат за вжарен накит што ги осветлувал гробниците со светлина што имала неисцрпна сила. Тие приказни укажуваат на можноста за постоење на некој облик на нуклеарна енергија што бил совладан и користен пред толку години.

Докази за електрогалванизацијата, постапка за која долго време се мислело дека била развиена во 19-ти век, биле пронајдени во Египет и во Ирак на предмети што датираат од пред 4.000 години.

Пред самиот почеток на Втората светска војна, германскиот археолог д-р Вилхелм Кенинг открил мали глинени садови во Ирак што биле стари 2.000 години. Секој од нив содржел валјаци од бакар и железни одливки и биле прелеани со битумен. Имало траги и од некаква киселина. Д-р Кенинг тврдел дека тоа се електрични клетки. Кога подоцна се обидел со раствор од киселина, тие произвеле струја со напон од 1,5-2 волта.

Бидејќи археолозите ископале голем број уште почудни откритија, со право може да се постави прашањето: дали нашите надарени предци можеле да развијат одделни научни дисциплини и да ги издигнат на такво ниво што ни науката на дваесет и првиот век не може да се мери со нив?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here