Нумерологија: Што открива вашиот број на стан?

0
264

Нумерологија: Што открива вашиот број на стан?

Се вели дека во изборот на стан нема случајност, потсвесно го избираме со причина. Нумерологијата на бројот на станот открива каква енергија ве служи во него. За да го добиете бројот, запишете го бројот на улицата и куќата, и собирајте ги се додека не добиете едноцифрен број. На пример, Илинденска 96, собирате 9+6=15, па потоа 1+5=6. Доколку живеете и во стан соберете го и бројот на станот. Еве што означуваат вашите броеви.

ЕДЕН  Претставува независност и почеток. Означува силна индивидуалност. За вас предизвик е завршување на проектот, а одвреме-навреме се чувствувате изолирано од другите. Предлог: поработете на добрите односи со пријателите.
ДВА  Овој број претставува брак, партнерство, добри врски, дарежливост, дипломатски односи и сочувство. Предизвик може да ви биде преголемата чувствителност. Предлог: слушајте го својот внатрешен глас, вклучете се во широкиот свет, а не само во тој со најблиските.
ТРИ  Претставува чудо, отвореност, оптимизам, напредок, ширење, голема визија и богат друштвен живот. Можен предизвик е премногу брзо црпење на енергијата. Предлог: останете максимално приземјени, фокусирајте се на грижата за вас, но не заборавајте ги и другите.
ЧЕТИРИ  Претставува стабилност, волонтирање, помагање на другите, објективност, реалност, исполнетост и задоволство на работа. Можен предизвик е работата да стане доминантен приоритет. Предлог: одвојте доволно време и за забава.
ПЕТ  Ова е бројот на промена, слобода, авантуристички дух, возбуденост, комуникација, патување и романтика. Проблем може да настане доколку претерувате во сите овие области. Предлог: кога ќе донесувате одлука, посветете доволно време и манифестирајте ја енергијата на тоа што сакате.
ШЕСТ  Хармонија, рамнотежа, друштвена одговорност, семејство и креативност го карактеризираат овој број. Можни предизвици се премногу давање и повлеченост. Предлог: трудете се да постигнете рамнотежа помеѓу давањето и примањето. Излегувајте и дружете се почесто со другите луѓе.
СЕДУМ  Сталоженост, внатрешна мудрост, светост, соништа и визии се адресата на овој број. Можен предизвик е што тешко го делите просторот со другите и повеќе сте фокусирани на духовното отколку на материјалното. Предлог: Искористете ја својата креативност за да се спријателите со луѓе со слични ставови како вас.
ОСУМ  Се карактеризира со целесообразност, изобилство во сите области, сила, лидерство, јавно признавање и внатрешен мир. Можен предизвик се финансиските проблеми и егоцентричност. Предлог: изразувајте благодарност почесто, учете од своите лекции.
ДЕВЕТ  Бројот 9 претставува хуманост, мудрост, дарежливост, сочувство и добра среќа. Можен предизвик е тоа што гледате на широка слика и не забележувате во кое поле да ја насочите енергијата. Предлог: почнете реално да го согледувате животот околу вас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here