Откриена нова супер Земја – на која што би можело да има живот
Телескопот HARPS на Европската вселенска агенција ESO откри нови 50 светови, од кој што дури 16 супер Земји – на кои што би можело да има живот. Една од тие планети се наоѓа во близина на својата матична звезда. Новата планета е именувана под името HD85512b и е 3.6 пати поголема од нашата планета и се проценува дека нејзината температура изнесува од 30 до 50 степени целзиусови и е со многу влажна атмосфера.
Планетата HD85512b се движи околу својата мала орбита, а од Земјата е оддалечена 35 светлосни години. Годината таму трае 60 земјини денови. Температурата на нејзината матична звезда е за околу 1000 степени целзиусови поладна на нашето сонце.
Според астрономите потребни се години истражувања за да се докаже дека навистина има живот на оваа планета.