Пеев против Ајнштајн

0
240

Пеев против Ајнштајн

Стефан Пеев, дипломиран машински инжинер од Велес, до објавувањето на својот научен труд “Космос” не дојде случајно. Со новите видувања на космосот и со воведувањето мерни единици Пеев не само што го корегира гигантот во научната област за вселенските закони – Алберт Ајнштајн, туку ги негира и основите на современата наука, тврдејќи дека: “Современата наука нема целосно сознание за времето, просторот, и брзината на светлината.” Тој ги препорачува како нови мерни единици: маса на време и маса на простор, поврзувајќи ги како интегрална смисла на времето.

 

Во 1990 година научниот труд на инж. Пеев под наслов “Космос” беше доставен до многу соодветни институции во светските метрополи. Оваа македонска космичка програма станува значајна по добиените  експериментални податоци од НАСА – Вашингтон за постоењето на рајот (декември 1996 година) и за ротирањето на светлината околу сопствената оска (мај 1997 година). Во овие експерименти се вклучени илјадници светски научници и засега нивните теоретски пресметки се совпаѓаат со оние на инж. Пеев кого што почнаа да го нарекуваат “втор Ајнштајн”. Д-р Пасхал Сотировски, врвен научник во областа на проучувањето на сонцето, еден од ретките светски познавачи на космосот, научен соработник на опсерваторијата Медон, во Париз, Франција, во својата рецензија, меѓу другото, вели дека трудот на Пеев содржи интересни мисли и идеи што заслужуваат да бидат публикувани. Исто мислење има и д-р Боназола, астроном исто така од париската опсерваторија чија специјалност е космологијата. Доктор Трајче Анѓелов од Институтот за астрономија од Белград смета дека во глобала, кога се чита трудот на Пеев, се стекнува впечаток дека се работи за интересна идеја која може да се следи и да се изучува и која дава можност за натамошно разгледување.


Според тврдењето на инженер Пеев, во светот нема ништо друго освен материја (којашто се движи), а движечката материја не може да се движи поинаку освен низ времето, просторот и вселената.

Ајнштајновите теории се темелат врз два постулата.

Прв постулат: Принцип на релативитет: механичките, оптичките и електро-магнетните појави во сите инерцијално – движечки системи, протекуваат еднакво. Толкување на Пеев: Првиот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ времето. Инженер Пеев, математички докажува оти првиот постулат на Ајнштајн не е точно. Имено, појавите во Вселената не протекуваат еднакво, туку зависат од променливата брзина на времето, која на различни места во Вселената е различна.

Втор постулат: Брзината на светлината во вакуум не зависи од брзината на изворот, во сите инерцијални системи изнесува 300 000km/sek т.е. брзината на светлината не зависи ниту од движењето на набљудувачот (приемникот), ниту од движењето на изворот. Толкување на Пеев: Вториот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ светлината. Инженер Пеев е против и овој постулат. Имено, брзината на светлината не е константна, таа е во зависност од променливите: брзина на време и брзина на простор.

Главен извод на Ајнштајновите теории е заклучокот: Енергијата ееднаква на масата по брзината на светлината на квадрат (E=MC2). Меѓутоа, во времето и просторот разгледувајќи ја оваа формула Пеев заклучува дека таа не е целосна. Имено, масата треба да ја разгледаме составена од два дела и тоа како маса на време и маса на простор, а брзината на светлината како функција на двете променливи брзина на време и брзина на простор. Тоа значи дека енергијата зависи од четири променливи, со што се добива  поцелосно сознание, а не како што е кај Ајнштајн со две променливи, што не даваат целосна претстава за енергијата.

 


 

Против современата наука

Според Пеев, Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем време-простор. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем брзина на време и брзина на простор, бидејќи и таа е брзина, со што се добива целосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи: “Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.

Кога во XVII век бил поставен современиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да станува збор за интегрална смисла на времето, бидејќи интегралното и диференцијалното сметање е поставено од Њутн малку подоцна. А според тврдењето на инженер Пеев, без интегрална смисла на времето се добива лажна претстава за вселенското време.

Пеев математички докажува дека Вселената може да се разгледа какко целина составена од седум светови, секој во различна енергетска состојба. Проучувајќи го животот и разумот во Вселената, Пеев докажува дека човекот на земјата е дојденец од друг свет и дека теоријата на Дарвин за потеклото на човекот од мајмун е сосем погрешна.

Според пресметките на Пеев, ние се наоѓаме во почетокот на седмиот свет, на човештвото му се отвара несогледлива перспектива во која човекот технички ќе дорасне да ги посетува сите светови во вселената.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here