Планетите со две Сонца кријат вонземјански живот

0
502

dve-sonca

Планетите во соларниот систем кои што имаат две сонца имаат поголема можност да бидат дом на вонземски цивилизации отколку другите системи кои што имаат по едно сонце – тврди една најнова студија.

Џон Кларк од универзитетот во Ново Мексико  изработи симулација на сончеви системи со две сонца, за да тестира дали планетите во тие системи имаат поголеми или помали шанси за живот.

Тој открил дека бинарните системи, каде околу планетите се движат по две сонца, имаат поголема шанса на нив да постои живот.  Се претпоставува дека на планетите со карпеста површина има вода која што испарува и создава облаци кои што ги штитат живите суштества од ултравиолетовото зрачење.

“Двете Сонца се фокусираат едно на друго, со што се успорува нивното движење и се зголемува магнетната заштита на планетите” – изјави Кларк.

Заклучено е дека постои и голема веројатност кај планетите, кои што околу себе имаат ѕвезди кои што се 80 проценти поголеми од Соцето, да се населени.

Еден таков пример е планетата Kepler-35b која што орбитира околу пара ѕвезда со големина на сонце. Kepler – 35b и нејзиниот близнак  Kepler – 34b се откриени во Јануари минатата година.

Овој систем на ѕвезди е оддалечен од нашата планета цели 5.000 светлосни години.

Во бинарните системи можноста за содавање на соларни ветрови е многу помала, а со тоа се зголемува и шансата да егзистираат живи суштества. Планетите со две Сонца секогаш имаат поголеми услови за живот дури и од нашата планета.

Ова истражување е објавено во магазинот за наука Astrobiology.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here