Предвидете ја љубовта со јаболко

0
236
apple-mystodonia

Предвидете ја љубовта со јаболко

apple-mystodonia

БЕЗ РАЗЛИКА дали сте суеверни или не, сигурно ве интересира иднината, а особено љубовната.  Ви преставуваме неколку начини како со помош на јаболко можете да видете што ве очекува. За да ги дознаете иницијалите на вашата идна љубов, излупете го јаболкото со еден потег. Потоа фрлете ја лушпата преку рамениците или главата.  Треба да падне и да ја оформи почетната буква.

Јадете јаболко пред огледало, под светлина на свеќата. Додека го правите тоа, треба да ви се одрази ликот на дечкото / девојката кој/а е вашата искрена љубов.

Земете две семки од јаболка. На едното семе дајте му го своето име, а на другото на момчето. Фрлете ги во оган, ако одлетаат на различни страни, нема во брзо време да бидете во романтична врска. Ако семките изгорат, тивко, без пукања, вашиот партнер никогаш нема да ви предложи брак. Ако пак одлетаат на иста страна, почнете да избирате венчален фустан.

За да се одлучите полесно меѓу повеќе кандидати, ставете колку можете повеќе семки на лицето. Како што ќе паѓаат семките, именувајте ги, а последната семка што ќе остане го носи името на личноста која искрено ве сака.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here