Проектот “Blue Book” (Сината книга)

0
318
hinek-mystodonia

Проектот “Blue Book” (Сината книга)

hinek-mystodonia

Првиот проект кој што се занимавал со истражување на НЛО феноменот при владата на САД, за кој што досега се знае е познат под името “Project Saucer” (Проект летачка чинија). Причина за појавувањето на овој проект било писмото кој што го испратил генералот Твининг на 23 Септември 1947 година, на воздухопловните сили на САД. “Комисијата за летечки чинии” е основана на 30 Декември 1947 година, мотивиранa од смртта на Томас Мантел. На комисијата се придружил и цивилниот советник и астроном Ален Хинек, кој што на тоа место останал во текот на следните дваесет години. Војската од него очекувала тој да биде нивен научен разоткривач на овој проблем. Меѓутоа, тој бил уверен во важноста и реалноста на предметот и во текот на годините тој станал нивен водечки цивилен истражувач за НЛО. Хинек во проектот Sign (Знак), пронашол вкупно 237 случаеви на кој што требало да им се обрати посебно внимание, иако не верувал во теоријата за постоење на вонземјани во вселената.

Меѓутоа, она што тој го нарекувал фракција во внатрешноста на проектот Sign, било одговор за проценка на ситуацијата од 8 Август 1948 година, и заедно со генералот Вандерберг, тогашен командат на воздухопловните сили на САД, заклучиле дека НЛО преставува доказ за вонземјански живот. Друга фракција во внатрешноста на проектот е отфрлањето на заклучокот за постоењето на вонземјани. Ситуацијата станала уште покомплицирана кога некаде помеѓу Декември 1948 и Февруари 1949 година, владата покренала нов проект под името “Project  Grunge”  (Проектот Гранџ), чие што име одговарало на моменталното распложение на владата поврзано со проблематиката НЛО.  Хинек подоцна коментирал дека го завршил својот извештај за Проектот Sign, кој што се дознало дека тој проект е мистериозно преименуван во проект Grunge.  Што е уште позначајно, новиот проект повеќе се осврнувал на службениците на водухолоството, отколку на цивилните службеници. Хинековиот воен еквивалент, поручникот Едвард Рупелт, подоцна исто така изјавил дека проценките се базирани на препоставката дека НЛО не би можело да постои.

Како што се ближел крајот на 1949 година, владата укажувала на тоа дека проектот потфрлил, па затоа неколку дена пред Нова Година тој бил затворен. Но вистинскиот факт на тој проект е далеку од очите на јавноста. Сето тоа покасно било дознаено од страна на поручникот Рупелт кој што на 16 Септември бил повикан да стане одговорен за проектот Grunge. Тој побарал допонително нови финансиски средства  кој што во потполност биле одобрени. Во Април 1952 година, проектот добил ново име Project “Blue Book” (Сината книга). Хинек продолжил да работи како цивилен советник во внатрешноста на проектот Blue Book, кој што станал јавен за владиното истражување на НЛО, се до неговото затворање во 1969 година. Без обзир на вистината, односно невистиноста за појавата на НЛО, владата била уверена дека било какви деликатни информации поврзани со овој феномен би можеле да предизвикаат паника од голем размер доколку завршат во јавноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here