Пронајден е изгубениот град на Маите во Мексико

0
248

maite-gradГрадот го нарекле Чактун, што значи Црвена карпа, а се претпоставува дека во него живееле помеѓу 30.000 и 40.000 луѓе.

Археолозите пронашле древен град на Маите кој со векови бил сокриен во дождовните шуми во источно Мексико и за кој се надеваат дека ќе им даде нови информации за пропаста на оваа голема цивилизација пред 1.000 години.

Тимот, на чело со Иван Шпрајц, професор на Словенечката Академија за науки и уметности, пронашол 15 пирамиди, вклучувајќи и една висока 23 метри.

Градот го нарекле Чактун, што во превод значи Црвена карпа, а Шпрајц вели дека градот најверојатно бил помалку населен од Тикала и Гватемала и дека во него живееле околу 40.000 луѓе.

Истражувањата биле одобрени од Националниот институт за антропологија и историја, а биле финансирани од Друштвото за Национална географија и две европски компании.

Шпрајц изјавил дека градот, кој се простира на 22 хектари и се наоѓа на 120 километри од Четумала, е еден од најголемите на Јукатан. Најблиско населено место е градот Ксипухил, оддалечен 25 километри.

Шпрајц го открил градот гледајќи фотографии снимени од висина пред 15 години.

Извор: Точка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here