Пронајдена е најстарата гробница на Маите

0
214
najstarata-grobnica-na-maite-mystodonia

Пронајдена е најстарата гробница на Маите

najstarata-grobnica-na-maite-mystodonia

Западно од Гватемала е пронајдена најстарата гробница на Маите, која што најверојатно припаѓала на некој верски поглавар или крал.

Со испитувањето е докажано дека гробницата која што се наоѓа 180 км јужно од Гватемала најверојатно е изградена помеѓу четвртиот или седмиот век пред новата ера.  Во неа се пронајдени многубројни украси од жад, меѓу кои огрлица и фигура со човечко тело и глава на лешинар. Остатоци од коски не се пронајдени, па експертите претпоставуваат дека се распаднале со текот на времето.

Археолозите големиот владетел го нарекуваат и К’уц Чман што на мајански јазик значи “дедо на лешинарите”.

“Тој бил голем поглавар кој што премости јазолот помеѓу културите Олмека и Маи во централна Америка” – изјави археологот Мигуел Орего.

Царството на Олмеките започнало да исчезнува пред околу 400 години од нашата ера, доколку пак цивилизацијата на Маите токму тогаш го започнала својот развој. Маите владееле од 250 до 800 година од новата ера и нивното царство се простирало од Хондурас па до централниот дел на Мексико.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here