Првото НЛО киднапирање

0
258
prvoto-nlo-kidnapiranje-mystodonia

Првото НЛО киднапирање

prvoto-nlo-kidnapiranje-mystodoniaВечерта на 19 Септември 1961 година, брачниот пар Хил враќајки се од неделниот одмор од Канада, влегувајќи во државата Њу Хемшир, околу 22:00 часот, приметиле светлечки објект како се движи по необична патека. На почетокот биле премногу преплашени, но после неколку минути Берни одлучил да го запре неговиот автомобил и да види што се случува. Кога застанале за подобро да го посматраат, Берни на тој летечки објект забележал шарени светла кои што се движеле спрема нив. Тогаш тие го продолжиле возењето забрзано и ако повеќе не го гледале тој објект, слушнале необичен звук, кој што нареден пат го слушнале на 60 км подалеку од автопатот.

Ниту еден од Хилови не се сеќава што се случило, само знаат дека се чуствувале лошо. Следниот ден збунетата Бети се јавила во блиската воздухоловна база, кои што ги известиле дека и нивните радари претходната вечер забележале НЛО.  Додека Берни сакал да го заборави целото искуство, Бети започнала да ги испрашува нејзините синови за вселенскиот брод.   После година ипол ноќни мори, и детално истражување од психијатар, Хилови одлучиле да му се обратат на Бостонскиот психолог и неуролог Џон Симон. После шест месеци на бројни исцрпувачки хипнози, стручното мислење на доктор Симон било дека Хилови, таа чудна ноќ ги киднапирал неидентификуван летечки објект и ги однел во непознато. Тоа бил прв случај на киднапирање на луѓе познато во човечката историја.  Иако ги проучувале одвоено , ниту еднаш во текот на процесот не се дознало што точно се случувало таа вечер, но нивните искази во потполност се совпаѓале.  Веднаш откако автомобилот застанал сам, пред автопатот се појавил и слетал неидентификуван летечки овјект.  Едно и тие суштества со слаб англиски им објаснил дека нема да им наштетат, туку само сакаат медицински да ги прегледаат. Откако тие влегле во вселенскиот брод, Хилови биле проучувани од домаќините, кои што Бети ги опишала како ситни суштества со висина од 120 до 140 см, со крушкасти глави и келави без ушни школки, но со изразито големи очи и мали носови и исекотина наместо уста. Сите биле облечени во темна едноделна облека, а некои носеле сако и капи, а бојата на кожата им била со чудна сива боја.  Како дел од тестирањето тие им земале примерок од кожата, коските и ноктите, а додека пак на Бети и и земале примерок од јајниците.


На Бети во папокот и вградиле мала цевка со која што и објасниле дека ќе направат тест за бременост, но откако се пожалила на болки тестирањето веднаш било прекинато. Пред пуштањето, на Хилови им е направена амнезија, која што имала за цел да заборават.  После многубројни интервјуа и испитувања кои што ги извршувале најдобрите научници и истражувачи, сите се согласиле дека Хилови не измислуваат приказна и дека сетоа тоа е вистина. За многумина од скептиците, клучна причина за прогласување на приказната за апсурдна, се наоѓа во делот од исказот на Бети. Всушност, таа во еден момент ги прашала киднаперите од каде доаѓаат, со што тие и покажале тродимензионална зведена карта исполента со точки и црти со различни големини. Кога ја прашале да покаже каде се наоѓа она на картата, Бети не го знаела одговорот. Во 1964 година за време на една хипнотичка сеанса, Бети ја нацртала прецизно картата, за која што ниту еден астроном не можел да пронајде ништо слично во соѕвездијата во добата на тогашните телескопи. Но во 1969 година, астономите откриле соѕвездие кое што се чинело дека е невозможно Бети самата да го открие пред 8 години. Всушност астрономите на универзитетот во Охајо, со помош на компјутери дошле до слика за положбата на звездениот систем   – “Zeta Reticuli 1 и 2”, 37 светлосни години оддалечен од Земјата. Ниту една личност, професионално вмешана во истрагата, до ден денес неуспеала да одговори што точно се случувало таа ноќ.  Точно е дека не може да се докаже… бидејќи вистината е надвор…

crtezot-od-beti-hil-mystodonia
Лево се наоѓа сликата која што ја нацртала Бети за време на хипнозата
Десно се наоѓа соѕвездието Zeta Reticuli

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here