Реинкарнација – Трите животи на Глен Форд (Најголемите светски мистерии)

0
546
reinkarnacija-glen-ford-mystodonia

Реинкарнација – Трите животи на Глен Форд (Најголемите светски мистерии)

reinkarnacija-glen-ford-mystodonia

Холивудската ѕвезда им се придружила на оние што тврдат дека живееле и порано.
Холивудската филмска ѕвезда Глен Форд во 1978 година доживеал голем шок – дознал за својот трет живот. Додека бил под хипноза, тој со одушевување зборувал за својот поранешен живот на каубој во Колорадо. Подоцна, на друга сеанса, се сеќавал дека бил учител по пијано во Елгин во Шкотска.
Преслушувањето на лентите од двете сеанси го изненадило и самиот Форд. Уште повеќе се воодушевил кога истражувачите нашле докази дека и двете негови „инкарнации“ вистина постоеле – точно во времето што го навел артистот. „Сето ова ме збунува“, рекол Форд. „Тоа е во спротивност со моето верско убедување. Јас сум набожен човек и се гордеам со тоа, но сега ми е се измешано“.

Форд не е првиот човек што дал докази за реинкарнацијата. Будистите веруваат дека човекот минува низ цела низа животи, човечки и животински, пред да го достигне блаженството на нирваната – губењето на индивидуалноста и спојување со врховниот дух. Форд е еден од најдобро документираните случаи на живот по смртта.
Првата хипнотичка сеанса артистот ја имал во својот дом на Беверли Хилс, Калифорнија. Во својата шеесет и прва година јасно зборувал за својот минат живот на каубојот Чарли Бил на ранчот на Чарли Гуднајт и дека бил убиен од заседа. Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес отишле во Колорадо и откриле податоци за двајцата, за Бил и за Гуднајт.

Втората сеанса, исто така снимена на лента, биле одржана во универзитетот. Овој пат, еднакво сликовито, Форд зборувал за животот на Чарлс Стјуарт и рекол: „Ги подучував на пијано татевите синови, како што би ги нарекле разгалените деца во денешно време“. Форд под хипноза свирел на пијано, иако подоцна признал: „Не знам да свирам ниту една нота“.

Кога истражувачите од Калифорнискиот универзитет го посетиле Елгин, го нашле на гробот на Чарлс Стјуарт кој умрел во 1840 година. На Форд му ја покажале фотографијата на гробот. „Тоа многу ме потресе“, рекол. „Веднаш почувствував дека сум бил погребан таму.“
Пензионираниот капетан на британската армија Артур Флауердју се повлекол во својата селска куќа во Брамертон, Норфолк. Се родил и израснал во англиско село, водел мирен живот и никогаш не патувал надвор од Европа. Сепак, и тој добродушен старец бил убеден дека живеел и порано – пред 2.200 години, како војник во јорданскиот град Петри што бил изделкан во карпите.


Флауердју му раскажувал на истражувачот Џоана Формен, која пишувала книга за тоа, дека уште од детството му го преокупирале умот чудни, необјасниви привиденија. Како дете, собирал на морскиот брег црвени и жолти камчиња размислувајќи: ’Ваква е бојата на камењата во тој град’. Подоцна му се покажала слика на град изделкан во карпи, луѓе во долги библиски алишта, сандаци со злато скриени во храм, гробови изделкани во бакарни и жолтеникави карпи, тесна клисура што водела во пустина, борбите додека тој и уште десетмина други ја бранеле клисурата од освојувачките орди и на крајот чувството на болка кога копјето фрлено од некој огромен Сириец се забило во неговите гради.

Госпоѓица Формен го споредила со тоа што и го кажал со познатите факти за Петри и открила дека голем дел од кажаното одговара на вистината. Се изненадила кога во времето на летнувањето во 1964 година се запознала со еден учител што имал снимени слајдови во боја со урнатините на Петри. Учителот рекол: „Ми раскажа за тоа многу повеќе отколку што може да се види на слајдовите“.

Флауердју рекол: „Не сум од оние што сонуваат будни и никогаш не сфатив од каде доаѓаат тие слики на мојот град. Ако се потрудам, мислам дека би можел да стигнам до реинкарнацијата, иако не разбирам како е воопшто можно тоа“.
Дороти Иди е родена во 1903 година во јужен Лондон, во богато семејство. Во својата трета година паднала низ скалите и семејниот лекар констатирал смрт. Утредента тој и болничарката се вратиле за да присуствуваат на погребот, меѓутоа, девојчето го нашле живо. Сепак, не било се како што треба. Дороти се криела под масата и зад мебелот барајќи да ја одведат „дома“.

Кога со семејството ја посетила Египетската соба во Британскиот музеј, дивјачки се оттргнала бакнувајќи ги стапалата на статуите, прегрнувајќи ги саркофазите со мумии, барајќи да ја остават со „нејзиниот народ“.

Подоцна и ги покажале фотографиите на храмот на богот Озирис што го подигнал крај Нил фараонот Сети I. На татка си му рекла дека храмот е нејзиниот вистински дом, дека го познавала Сети и дека тој бил многу љубезен човек.
Во 1930 година Дороти се омажила за Египќанец и заминала да живее во неговата татковина. Кога им се родил син, му го дала името Сети нарекувајќи се себеси Ум Сети, „Мајката на Сети“. По 22 години го посетила Абидос, локацијата на древниот храм на Озирис, и кога возот запрел кај карстното брдо, рекла дека тоа е „нејзиниот дом“. Во 1954 година се населила во Абидос, се грижела за храмот, секојдневно му се молела на Озирис и ги убедувала реставраторите на храмот по смртта да ја погребат во неговите темели.


Приказните на Флауердју и Дороти Иди се необични зашто нивните визии на претходниот живот не се засновуваат врз хипноза.
Многумина хипнотерапевти и психијатри имале случаи слични на оние што во 1956 година ги забележил велшкиот хипнотизер Арнал Блоксем од Кардиф. Првиот од нив е случајот на детето што под хипноза сликовито раскажувало за своето поранешно живеење на земја во која луѓето ги украуваат своите тела со бои и со накит од животински заби. Во другиот случај се работело за жена што тврдела дека е ќерка на Чарлс I и на кралицата Хенриета Марија. Историјата ја познавала слабо, но можела прецизно да го опише дворот на францускиот крал ЛујXIV, каде што таа и нејзиниот „брат“, идниот Чарлс II, биле во прогонство заедно со членовите на кралското семејство во времето на Кралската буржоаска револуција.

Американскиот хипнозитер-аматер Мори Бернштајн во својата книга „Потрагата по Брајди Марфи“, објавена во 1956 година, ги обелоденил чудните изјави на една домаќинка од Колорадо. Бернштајн под хипноза ја вратил госпоѓа Рут Симонс, родена во 1923 година на средниот запад, во детството и таа почнала да зборува како Брајди Марфи. Рекла дека е родена во Корк, Ирска, на 20 декември 1798 година, дека се омажила за адвокатот Шон Мек-Карти на 17-годишна возраст и дека се преселила во Белфаст. Умрела есента 1864 година и ги опишала својот погреб и надгробниот споменик.

Истражувачите во Ирска тешко можеле да ја потврдат нејзината приказна, но описите на бреговите во Антрим и на патот од Белфаст до Корк биле точни. Пронајдени се и записи кај некој трговец што се викал Фар, за кој Брајди тврдела дека купувала кај него. Госпоѓа Симонс никогаш не била во Ирска и во нејзиниот секојдневен говор немало траги од ирскиот акцент.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here